Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската Унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ни ги решат домашните проблеми, туку прво треба да си ја завршиме домашната задача, а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо.
Кога ќе се создадат услови, јавноста и Собранието ќе бидат информирани за решението за евроинтеграциите на кое работи Владата, изјави денеска на прес-конференција новоназначената владина портпаролка Марија Митева.