1 (6) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Oct 15:30 -> 25-Oct 16:27
.
.
.

80-годишен маж од тетовско пријавил судска пресуда со лажно прикажување на факти и докази од страна на адвокат

  • Го „умреле“ а потоа му го префрлиле имотот на име на друго лице

На 24.10.2024 во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази.

Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, од страна на 80-годишниот А.И било пријавено дека во 2017 година без негово присуство Тетовскиот основен суд донел пресуда врз основ на лажно прикажување на факти и докази.

3 (157) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Oct 07:36 -> 25-Oct 14:56
.
.
.
.

Мицкоски: До членство во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните

  • Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

  • Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

  • Подеста: Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје.

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.

Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.

8 (21) ■ вести > македонија ■ 25-Oct 12:00 -> 25-Oct 15:32
.
.
.
.

Шест нови авио линии – директно поврзување со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

  • Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година

  • Од Скопје ќе се лета за Дубаи, од Охрид за Истанбул

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.

Од Скопје ќе се лета а Дубаи со “Флај Дубаи“, а од Охрид ќе се лета за Истанбул со “Туркиш Ерлајнс“, ова се две од шесте дестинации кои денеска ги најави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

12 (89) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Oct 20:56 -> 25-Oct 16:34
.
.
.
.

Јакимовски: ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

  • Општина Струмица го напушта ЗЕЛС

  • Костадинов и Јакимовски најавија дека општините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС

  • Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на нивната партија, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, додавајќи дека неговата порака за напуштање не била сериозно сфатена.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, посочувајќи дека денеска за ова ќе подготви и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС оти не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи.

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

168 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 24-Oct 12:40 -> 25-Oct 07:48
.
.
.
.

НОВО: Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

  • ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ – БРЗ ПРИСТАП ДО ПАРИ Новина од Комерцијална банка за клиентите

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку , да добијат и за кратко време да ги имаат . Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот , создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.

259 (4) ■ сцена > култура ■ 23-Oct 09:48 -> 23-Oct 13:42
.
.
.
.

На Славе Ѓорѓо Димоски денескa ќе му биде врачена државната награда „23 Октомври“

  • Доделување на државната награда „23 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.