1 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 10:07 -> 09-Oct 13:30
.
.
.
.

Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци

  • Мисајловски предупредува: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе се рефлектира и кај нас

  • Мисајловски: Го раскинавме договорот со надворешната компанија за кетеринг

Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа.

Раскинат е договорот со надворешната компанија што ја снабдуваше Армијата со храна, потврди денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

2 (13) ■ вести > македонија ■ 09-Oct 07:30 -> 09-Oct 13:30
.
.
.
.

Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

  • Во првите 100 дена испорачани повеќе од 80 нови дигитални алатки за граѓаните и компаниите, во 2025 уште 100 нови услуги

100 дена Министерство за дигитална трансформација: Министерот Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги.

Ажурирање на дигиталната алатка „Балансер“ со податоците од пописот од 2021 година користејќи го само резидентното население, испорачување на повеќе од 80 нови дигитални алатки за граѓаните и компаниите со што порталот услуги.гов.мк бележи раст од 56 отсто во користењето на постоечките услуги од страна на граѓаните и откочување на физибилити студијата за воспоставување Национална транспортна оптичка мрежа, проект вреден 400.000 евра која ќе биде основа за унпаредување на покриеноста со широкопојасен интеренет, се меѓу постигнувањата на Министерството за дигитална трансформација во првите 100 од својата работа.

3 (17) ■ вести > македонија ■ 09-Oct 11:33 -> 09-Oct 13:15
.
.
.
.

ДКСК го затвори предметот за патувањето на синот на Мицкоски во САД – не бил дел од владината делегација, сам си ги платил патот и сместувањето

  • Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован, сам си платил и за авионските карти и за хотелското сместување во САД во јули, односно неговото патување на НАТО самитот не било платено со владини пари, констатирала Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која на денешната седница информираше дека го затвора овој предмет.

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.

10 (26) ■ вести > македонија ■ 07-Oct 10:50 -> 09-Oct 13:18
.
.
.
.

Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“

  • „Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

  • Ќе се укине ли „Балансерот“?: Конечна одлука в среда на седница на Уставен

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

12 (12) ■ вести > македонија ■ 09-Oct 10:28 -> 09-Oct 11:58
.
.
.
.

▷ „Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

  • (ГАЛЕРИЈА) „АЛКАЛОИД“ ПОВТОРНО ДЕЛ ОД НАЈРЕНОМИРАНИОТ ГЛОБАЛЕН ФАРМАЦЕВТСКИ СОБИР CPHI Компанијата ја проширува својата листа на еминентни соработници од светот

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата.

„Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, овогодишното јубилејно 35. издание на CPhI се одржува од 8 до 10 октомври во Италија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година забележува маркантно учество со свој штанд, како рута на глобалната фармацевтска мрежа, од каде што ја проширува својата листа на еминентни соработници од редот на фармацевтските лидери во светот.

13 (4) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-Oct 12:30 -> 09-Oct 13:30
.
.
.

Пронајдени мигранти во Гевгелија, приведен криумчар

  • Тројца повредени во судир помеѓу две возила и камион на регионалниот пат Гевгелија - село Смоквица

На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија.

Вчера во 15.05 часот во Полициската станица Гевгелија била пријавена сообраќајка помеѓу два автомобили и камион на регионален пат Гевгелија - село Смоквица Несреќата се случила помеѓу патничко возило „цитроен“ управувано од А.Р.(44) од село Баница, струмичко, товарно возило „ивеко“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(30) од село Селце, прилепско и патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(37) од Гевгелија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

93 (6) ■ бизнис > економија ■ 08-Oct 07:35 -> 08-Oct 17:25
.
.
.
.

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

  • НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - нова позиција после три години член на Управата на групацијата во Љубљана

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.

209 (4) ■ бизнис > економија ■ 07-Oct 07:30 -> 08-Oct 11:03
.
.
.
.

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

  • ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка.

Економијата на Северна Македонија се соочи со подлабоки лузни од неодамнешните шокови - пандемијата Ковид-19 и порастот на цените на енергијата - отколку земјите од регионот, со реален БДП околу 10 проценти под претпандемичните трендови во споредба со просечните 4 проценти во регионот на Западен Балкан.

168 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 11:24 -> 08-Oct 12:26
.
.

Министерот Љутков на отворање на изложбата на Рембрант во Виена

  • Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.