Вчера на полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија и ОВР Валандово на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово извршиле контрола на патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(35) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од село Баница, струмичко, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Х.К.(30) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од село Баница, струмичко, патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(33) од Струмица, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(35) од село Пиперево, општина Василево, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Баница, струмичко и патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(44) од село Доброшинци, општина Василево.
Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.
Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот Фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.
Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор.