1 (15) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 04-Jul 15:38 -> 05-Jul 11:30
.
.
.
.

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

  • Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата.

Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните.

3 (96) ■ вести > свет > сад > војна ■ 03-Jul 02:27 -> 05-Jul 10:45
.
.
.
.

Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина

  • Претставничкиот дом на САД го усвои законот на Трамп за даночни намалувања и кратења на трошоците

  • Трамп: Разговарав со Путин, но не постигнав никаков напредок

  • Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски

Фото: ЕПА / Илустрација Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што посочи, се чини дека тој не сака да ја запре војната во Украина.

Трамп, исто така, рече дека подоцна денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

8 (88) ■ вести > македонија > политика > вмро-дпмне ■ 03-Jul 01:32 -> 05-Jul 10:00
.
.
.
.

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите - Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

  • Институциите и општините за 5 дена да одговорат на барањата на граѓаните - Мицкоски најави владина реформа во администрацијата

  • Мицкоски: Нова инвестиција во автомобилската индустрија со повеќе од 30 милиони евра

  • Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него

За социјалдемократите конзеревативаната и погрешна идеја на премиерот Христијан Мицкоски да ги оданочува граѓаните, кои се немажени или неженети е погрешна бидејќи директно гази на правата и слободниот избор на граѓаните со што ја ништи нивната волја.

НасловнаМакедонијаИнституциите и општините за 5 дена да одговорат на барањата на граѓаните – Мицкоски најави владина реформа во администрацијата You cannot print contents of this website.

Printscreen / Youtube / Влада Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одржа прес-конференција во медија Медија центарот на Владата.

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија.

16 (35) ■ вести > македонија > политика > мвр ■ 03-Jul 18:30 -> 05-Jul 10:45
.
.
.
.

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

  • Тошковски и Дачиќ: Она што го ветивме го остваривме на дело, One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните

  • Промовиран„One stop control“: Во Србија преку Табановце ќе влегуваме со едно застанување

  • One Stop системот на гранична контрола

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце – Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце – Прешево, помеѓу Србија и Македонија.

One Stop системот на гранична контрола ќе го намали чекањето и ќе го олесни движењето на патници и стокиOne Stop системот на гранична контрола официјално започна со примена на граничниот премин Табановце – Прешево, со што се овозможува побрз транспорт на патници, зголемена трговија и олеснета комуникација меѓу Македонија и Србија.

Повеќе од
оваа категорија

12 (114) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 03-Jul 08:15 -> 05-Jul 10:45
.
.
.
.

Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

  • „Бројот 20 засекогаш ќе биде твој“

  • Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

  • Трагедија: Португалскиот фудбалер Диого Жота од Ливерпул загина во сообраќајка

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.

Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.

Актуелниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота на 28-годишна возраст денес загина во сообраќајна несреќа.

Повеќе од
оваа категорија

11 (12) ■ бизнис > економија ■ 03-Jul 18:30 -> 05-Jul 09:46
.
.
.
.

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро“

  • Пченицата ќе се откупува по 12 денари за килограм

Да се подигне свеста кај потрошувачите за важноста од купувањето домашни земјоделски производи и преработки со што ќе се поддржат земјоделците, преработувачите и домашната економија, е целта на новата кампања што ја најавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Кампањата ќе биде насловена „Македонско најдобро“ и, како што вели ресорниот министер Цветан Трипуновски, предвидува новина – воспоставување платформа за лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и за подобра евиденција на земјоделското производство во земјава.

Годинашната реколта пченица ќе се откупува по 12 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на прес-конференција.

201 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

37 (3) ■ магазин > калеидоскоп ■ 04-Jul 20:35 -> 05-Jul 09:00
.
.
.
.

„КАТИЦА Е ХЕРОИНА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ОГЛЕДААТ МНОГУМИНА“: Михаилов за повредената колешка и жртвата на вработените во претпријатието

  • „Храброст што се граничи со лудост“ - при гаснење на пожарите повредена Катица, директорка на шумското стопанство во Куманово

Добивај вести на Viber Денеска заедно со Сашо Стошевски , директорот на општата болница во Куманово ја посетивме нашата колешка Катица, директорката на шумското стопанство во Куманово која вчера при гаснење на пожарите во општина Старо Нагоричане во близина на селото Длабочица, беше повредена при што итно беше хоспитализирана и подложена на тешка операција.

Заменик директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, сподели дека денеска заедно со Сашо Стошевски , директорот на општата болница во Куманово ја посетиле нивната колешка Катица, директорката на шумското стопанство во Куманово која вчера при гаснење на пожарите во општина Старо Нагоричане во близина на селото Длабочица, беше повредена при што итно беше хоспитализирана и подложена на тешка операција.

177 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Jul 07:38 -> 04-Jul 22:45
.
.
.
.

„Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

  • Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

197 (8) ■ сцена > балкан ■ 03-Jul 06:50 -> 04-Jul 10:30
.
.
.
.

Се огласи македонскиот натпреварувач кој ја обвини Вики Миљковиќ дека му барала мито: Им се обрати на сите кандидати

  • Македонец ја обвини Вики Миљковиќ дека барала мито: „Ќе барам правда по судски пат ако не следи извинување“

Се огласи македонскиот натпреварувач кој ја обвини Вики Миљковиќ дека му барала мито: Им се обрати на сите кандидати од Еспресо20:50 - 3 јули, 202515:18 - 3 јули, 2025 Поранешниот натпреварувач на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонецот Александар Темелков, тврдеше дека неговата менторка Вики Миљковиќ му побарала мито, а откако таа поднесе опомена пред тужбата поради невистини, тој сега се правда дека сè било погрешно разбрано.

Македонец ја обвини Вики Миљковиќ дека барала мито: „Ќе барам правда по судски пат ако не следи извинување“ од Еспресо08:50 - 3 јули, 202507:27 - 3 јули, 2025 По сериозните обвинувања од страна на поранешниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, кој тврди дека пејачката и членка на жирито Виолета Вики Миљковиќ од него барала мито, таа се огласи со официјално соопштение во кое остро ги демантира тие наводи и најави можни правни чекори.

311 (4) ■ сцена > култура ■ 03-Jul 08:49 -> 04-Jul 12:15
.
.
.
.

Проектот „Мевлем” во Битола ја потврди својата уметничка автентичност и длабока емотивна сила

  • „Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Синоќа, во исполнетиот простор на Платото пред Офицерски дом во Битола, во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ”, публиката имаше можност да доживее едно вистинско уметничко патување низ љубовта, болката и надежта преку уникатниот проект „Мевлем”.

Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта… Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.

264 (5) ■ технологија > вештачка интелигенција ■ 03-Jul 04:54 -> 04-Jul 21:15
.
.
.
.

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМ ГИ ОДЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА Околу 9.000 работници ќе мора да заминат од „Мајкрософт“

  • МАЈКРОСОФТ ОТПУШТА девет илјади вработени

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМ ГИ ОДЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА Околу 9.000 работници ќе мора да заминат од „Мајкрософт“ „Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30% од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ. Од МИА Објавено 03/07/2025 10:38:15 фото: принтскрин, лого „Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на 3% од вработените на сите нивоа и географски подрачја.

Време зa читање: 3 минутиВо најновата рунда отпуштања, Мајкрософт најави дека ќе отпушти околу 9.000 вработени.