Основачот и сопственик на платформата за видеа „Рамбл“, американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски, во интервју за „Телма“ вели дека тој и неговата компанија не го организирале патувањето на македонската владина делегација во САД за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари.
Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот.