ЗЕЛЕНСКИ НА ИСТА МАСА СО ТРАМП И ПУТИН?
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, пред самитот на Доналд Трамп со Владимир Путин.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за прекин на војната во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина не може да го крши својот Устав кога станува збор за територијални прашања, со порака дека „Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторите“.Коментирајќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август, Зеленски рече дека Украина е подготвена за реални решенија што можат да донесат мир, пренесува Ројтерс.Сепак, тој истакна дека секое решение без учество на Киев би било решение против мирот кое, како што истакна, нема да донесе ништо.