Премиерот Христијан Мицкоски очекува ЕУ да и помогне на земјата за одблокирање на евроинтеграции, преку изнаоѓање решение со кое државата да го задржи достоинството, што ќе значи гаранција дека во иднина нема да има нови барања што не се во согласност со европските вредности.
Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лејен утре на еден ден ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на нејзината четиридневна туреја низ Западен Балкан.
Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.
Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.