1 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 11:33 -> 09-Oct 15:46
.
.
.
.

Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова

  • ДКСК: Не утврдивме користење на буџетски средства за приватни цели за патувањето на синот на премиерот во НАТО Самитот во САД

  • ДКСК го затвори предметот за патувањето на синот на Мицкоски во САД – не бил дел од владината делегација, сам си ги платил патот и сместувањето

  • Мицкоски по одлуката на ДКСК: Го обвинија Јован, му судеа и го осудија само затоа што е мој син

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната онлајн седница соопшти дека по увидот во целокупната документација доставена од Владата на Република Северна Македонија во врска со патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон, САД, утврдиле дека наводите објавени во јавност не се потврдуваат и нема елементи за натамошно постапување по оформениот предмет од причина што ДКСК по извршената проверка не утврдила прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не утврдила користење на буџетски средства за приватни цели.

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован, сам си платил и за авионските карти и за хотелското сместување во САД во јули, односно неговото патување на НАТО самитот не било платено со владини пари, констатирала Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која на денешната седница информираше дека го затвора овој предмет.

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ.

2 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 10:07 -> 09-Oct 15:21
.
.
.
.

Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци

  • Мисајловски предупредува: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе се рефлектира и кај нас

  • Раскинат договорот со кетеринг-компанијата од чија храна се затруле над 60 припадници на Армијата

  • Мисајловски: Го раскинавме договорот со надворешната компанија за кетеринг

Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа.

Еднострано е раскинат договорот со кетеринг-компанијата што ги снабдуваше со оброци вработените во Амријата, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, и додаде оти договорот бил полн со недостатоци.

Раскинат е договорот со надворешната компанија што ја снабдуваше Армијата со храна, потврди денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

4 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 15:59 -> 09-Oct 18:57
.
.
.
.

Меџити: „Вреди“ има подготвено предлог-закон за правична застапеност што ќе го замени „балансерот“

  • Меџити: Нотарски заверена етничка припадност за вработување - Нов закон за правична застапеност

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџети најавува дека коалицијата „Вреди“ како партнер во Владата ќе понуди нацрт-законско решение кое ќе го замени т.н. „балансер“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, што Уставниот суд денеска ја укина.

Евиденција или регистар за етничката припадност во јавната администрација, на нотар „запечатена“ етничка припадност при вработувањето на кандидатот, бонус-бодови за кандидатот со етничка припадност кој ѝ потребен на институцијата, се само некои од предлозите на нацрт-законот за правична и соодветна застапеност, кој „Вреди“ ќе ги понуди како решение откако Уставен суд го укина „балансерот“ – алатка за вработување по етнички клуч, нагласува првиот вицепремиер Изет Меџити.

7 (41) ■ вести > свет ■ 07-Oct 09:24 -> 09-Oct 18:54
.
.
.
.

Трка со времето во Флорида: Милион луѓе бегаат пред ураганот „Милтон“ (ВИДЕО)

  • Ураганот Милтон денеска ќе го погоди регионот Тампа Беј на Флорида, најавуваат метеоролошките служби

  • (ФОТО+ВИДЕО) Ураганот на векот доаѓа во САД, патиштата се блокирани, снема бензин: „Кој ќе остане ќе умре“

  • Ураганот „Милтон“ се движи кон Флорида, во тек е масововна евакуација

Милтон, ураган од четврта категорија, денеска продолжи да се приближува до западниот брег на државата Флорида во југоисточниот дел на САД.

Ураганот Милтон од петта категорија денеска ќе го погоди регионот на заливот Тампа во Флорида, соопштија метеоролошките служби, а градоначалничката на Тампа Џејн Кастор ги предупреди жителите да ги слушаат властите и да се евакуираат.

Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години.

Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години.

8 (22) ■ вести > македонија ■ 09-Oct 11:45 -> 09-Oct 19:00
.
.
.
.

Ристовски за првите 100 дена: Почнавме санација на спортската инфраструктура,....

  • Пандев, Лазаров и Иџе веќе нема да рекламираат обложувачници и казина, најави министерот за спорт

  • Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите.

Истакнатите спортски легенди Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски-Иџе веќе нема да рекламираат казина, обложувачници и брзи кредити, најави на денешната прес-конференција министерот за спорт Борко Ристовски, кој појасни дека со спортистите бил направен „џентлменски договор“ во врска со ова прашање.

Познатите спортисти како Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски -Иџе веќе нема да бидат дел од рекламните кампањеи на индустријата за игри на среќа соопшти денеска на прес конференција министерот за спорт Борко Ристовки.

9 (100) ■ вести > свет ■ 07-Oct 07:30 -> 09-Oct 19:03
.
.
.
.

Што сака Русија од израелско-иранската ескалација: Хаосот им одговара, но не и војна

  • ИДФ нападнаа уште еден команден центар на Хамас во Газа

  • Нетанјаху: Го отстранивме Хасан Насралах и двајцата негови наследници

  • ОН: Една година незамисливо страдање од нападот на 7 октомври

Ана Левина, руска истражувачка и фотограф-документарист, која живее во Бејрут, складира залихи како подготовка за израелски напад врз Либан.

Израелската војска (ИДФ) денеска потврди дека извршила напади врз болницата Ал Акса во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, за кои тврди дека овие командни и контролни центри биле користени од Хамас за планирање напади против војската во Израел.

Милитантите на Хезболах денеска истрелаа артилериски гранати и ракети врз израелските војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

Изминатата година на Блискиот Исток беше година на незамисливо страдање, соопштија денеска ОН. Денеска се одбележува една година од терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас и други палестински вооружени групи во кој беа убиени повеќе од 1,200 луѓе во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.

13 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 10:50 -> 09-Oct 14:47
.
.
.
.

Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“

  • „Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

  • УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА БАЛАНСЕРОТ Одлуката нема да важи ретроактивно

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на балансерот – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

142 (6) ■ бизнис > економија ■ 08-Oct 07:35 -> 08-Oct 17:25
.
.
.
.

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

  • НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - нова позиција после три години член на Управата на групацијата во Љубљана

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.

249 (4) ■ бизнис > економија ■ 07-Oct 07:30 -> 08-Oct 11:03
.
.
.
.

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

  • ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка.

Економијата на Северна Македонија се соочи со подлабоки лузни од неодамнешните шокови - пандемијата Ковид-19 и порастот на цените на енергијата - отколку земјите од регионот, со реален БДП околу 10 проценти под претпандемичните трендови во споредба со просечните 4 проценти во регионот на Западен Балкан.

212 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 11:24 -> 08-Oct 12:26
.
.

Министерот Љутков на отворање на изложбата на Рембрант во Виена

  • Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.