Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на денешната прес-конференција кажа дека имаат јасна цел да дадат нов импулс на европската агенда.
Централна тема на денешната билатерална средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе биде Планот за раст, меѓутоа на секој состанок со високите претставници од Брисел секако дека разговараме и за изнаоѓање на можни решенија, притоа за зачувување на нашите позиции и обезбедување на процесот на евроинтеграции до крај, така што очекуваме дека и таа тема ќе се отвори на денешната билатерална средба, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарски прашања, на денешната прес-конференција по повод една година Влада.