1 (5) ■ сцена > свет ■ 16-Jan 20:00 -> 16-Jan 20:36
.
.
.

ЗАМИНА ДЕЈВИД ЛИНЧ Ги режираше култните „Твин пикс“ и „Син сомот“

  • Почина Дејвид Линч

Познатиот режисер и оскаровец Дејвид Линч почина на 78-годишна возраст, објави неговото семејство.

Режисерот и сценарист Дејвид Линч, кој радикално го промени американското кино со својата мрачна, надреалистичка уметничка визија, почина на 78-годишна возраст.

2 (121) ■ вести > свет ■ 14-Jan 09:48 -> 16-Jan 19:06
.
.
.
.

🎥 ПРЕД ДА СИ ОДИ, СЕ ОБИДЕ ДА МУ ЗАДАДЕ „ПРОШТАЛЕН УДАР“ НА ТРАМП Бајден бара укинување на претседателскиот имунитет

  • Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

  • Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Бајден за помошта за прекин на огнот

  • Западни медиуми: Има многу работи кои би можеле да тргнат наопаку во спроведувањето на договорот меѓу Израел и Хамас

Џо Бајден повика на уставна измена на претседателскиот имунитет во своето проштално обраќање како претседател на САД, очигледно напаѓајќи го својот наследник, Доналд Трамп, . – Мораме да го смениме Уставот за да стане јасно дека ниеден претседател не е имун на злосторствата, извршени додека бил на функција.

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа.

Израел и Хамас синоќа се договорија за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечната војна, а првите заложници се очекува да бидат ослободени в недела.

4 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jan 14:30 -> 16-Jan 19:39
.
.
.
.

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

  • Стојчевска до Филков: Ќе се повлечете ли од Судскиот совет, така да почнат реформите?

Министерот за правда Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за правда Игор Филков, кое се однесува на реформите во судството, како суштински за демократијата и владеењето на правото, но за жал, изминатите 7 месеци гледаме оддалечување од овие принципи, а партизацијата добива ендемски размери.

6 (64) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 07:18 -> 16-Jan 19:52
.
.
.
.

Илире Даути поднесе оставка, побара на пленарна седница да ја образложи

  • Неизвесно дали Илире Даути по интерпелацијата ќе биде разрешена или ќе даде оставка

  • Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути, вели Сајкоски

  • По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Се уште не се знае дали претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути ќе биде разрешена или самата ќе даде оставка од функцијата по петочната изгласана интерпелација против неа поднесена од пратеничката група на Левица.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вели претседателот на ова собраниско работно тело, Ѓорѓија Сајкоски.

Неизвесно е дали Илире Даути ќе остане или ќе биде сменета од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако во петокот помина нејзината интерпелација поднесена од Левица.

12 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 08:33 -> 16-Jan 15:37
.
.
.
.

УПОЗ: 988 вработени во инспекторатите се уште не добиле плата за декември

  • ВЛАДА: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

  • Протест на вработени во јавна администрација, најавени протести и за следните денови

  • Деаноски: Секој обид од Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден

УПОЗ утрово повторно ја корегираше Владата дека во неколку министерствоа и државни институции има протест на вработените, а не штрајк.

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика, Државниот архив и Бирото за метрологија денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.

Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на протестот пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

13 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jan 13:07 -> 16-Jan 14:47
.
.
.
.

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ

  • МИЦКОСКИ: И Апелација докажа дека СДСМ е клеветничка, а пресудата е јасна, да ја објави на свој трошок и да се извини за лагите

И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил, откако Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи.

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

63 (6) ■ бизнис > македонија ■ 16-Jan 09:55 -> 16-Jan 10:54
.
.
.
.

УЈП: Даночните обврзници треба да поднесат барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка

  • УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до УЈП да поднесат Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема.

260 (4) ■ сцена > култура ■ 14-Jan 10:24 -> 15-Jan 10:05
.
.
.
.

Виктор Митревски диригираше во новата постановка на „ Така прават сите“ во Операта од Малме

  • Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.

Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.