1 (95) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-Oct 10:11 -> 14-Oct 18:19
.
.
.
.

Мајката на Вања за денот на исчезнувањето: Александар беше смирен и потиштен не беше избувлив, како што знаеше да биде

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Мајката на Вања Ѓорчевска и роднини на Панче Жежовски ќе сведочат на судењето за двојното убиство

  • Мајката на Вања не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања при денешното сведочење зборуваше и за нејзиното мислење за Александар.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

Денеска на судското рочиште за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски ќе сведочат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, и роднините на Жежовски, Ана и Тодор Киркови.

Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска денеска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка.

2 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Oct 17:29 -> 14-Oct 21:45
.
.
.
.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

  • Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

  • Мицкоски го подготвува писмото до ЕУ, опозицијата ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ. Опозициската СДСМ, пак, вчера излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

3 (19) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 15:24 -> 14-Oct 19:04
.
.
.
.

Задоцнета кислородна поддршка, превид за хоспитализација – стручна комисија при МЗ за причините за смртта на 14-месечното бебе

  • Таравари: Лекарски пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина

Задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација, констатираше стручната Комисија на Министерството за здравство.

Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај.

4 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Oct 09:18 -> 14-Oct 15:17
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: „Зелената” партија ДУИ секојдневно глуми жртва пред граѓаните

  • Бектеши: Уставните судии треба да внимаваат кога носат сензитивни одлуки кои предизвикуваат тензии

  • Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација

  • Ако нема нови избори, ДУИ нема да биде дел од владата – вели Бектеши

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, `зелената` партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните.

Поранешниот министре за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши не сака да го коментира образложениот на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се. ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.

Ако нема нови избори Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема да биде дел од владата, вели ексминистерот за економија, Крешник Бектеши во неделното за Радио Слободна Европа, отфрлајќи ги со тоа мислењата на дел од политичките фактори во земјава дека е можно да се очекува коалиција меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

9 (7) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 20:38 -> 15-Oct 07:00
.
.
.
.

360° до претседателката на ДКСК: Колку сте сигурни во веродотојноста на документите што ги добивте за патувањето на синот на премиерот во САД?

  • Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари

360°: Уште неколку прашања, дилеми и коменатари поврзани и со ова што сега го кажувате.

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

10 (10) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 07:12 -> 14-Oct 17:58
.
.
.
.

Огревното дрво, минералната прашина и сообраќајот, главни извори на загадување во внатрешноста

  • Меџити: Подобрувањето на квалитетот на воздухот еден од приоритетите на Владата

Користењето огревно дрво, минералната прашина која се создава при гардежни активности и сообраќајот се меѓу главните фактори на аерозагадувањето, покажуваат резултатите од истражувањето кое е дел од проектот за справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата во кое беа вклучени општините Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес присуствуваше и имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП). На настанот на кој што беа претставени резултатите одистражувањето, Меџити истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање е подготвено да им помогне на единиците на локалните самоуправи во планирањето и спроведувањето на ефективни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во нивните општини.

Повеќе од
оваа категорија

157 (4) ■ спорт > фудбал ■ 13-Oct 11:31 -> 13-Oct 14:45
.
.
.
.

ВИДЕО: Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македониј

  • 31 година репрезентација: Денот кога фудбалерите гордо ја отслушаа „Денес над Македонија“

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

На 13 октомври, 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот фудбалски меч по осамостојувањето и во историски дуел со убедливи 4-1 славеше над домаќинот . Предводена од легендарниот селектор Андон Дончевски, генерацијата на Дарко Панчев, Илија Најдоски, , Чеде Јаневски, Зоран Бошковски пред околу 3.000 гледачи го одигра првиот фудбалски танц под национално знаме, стоеше гордо на македонската химна и дојде до првата победа.