Историјата покажа дека кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа претставува добитна комбинација и нашите противници го знаат тоа, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во воведното обраќање на стартот на работниот дел од Самитот на Пактот што се одржува во холандскиот град Хаг.
Facebook/NATO Parliamentary Assembly Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Зголемувањата на инвестициите во одбраната, зајакнување на колективната безбедност и случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на НАТО што почнува денеска во холандскиот град Хаг и на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е незамисливо Русија да го надмине западниот воен сојуз во областа на военото производство, објавува агенцијата dpa и потсетува дека НАТО се подготвува официјално да објави голем скок на трошоците за одбрана.