1 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Feb 20:03 -> 27-Feb 23:49
.
.
.
.

ТОШКОВСКИ: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги

  • Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“

Две лица кои извршувале службени функции во затворот КПУ Затвор Скопје се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за нив има сомневање дека незаконски им овозможувале на осудени лица да излегуваат од установата со полициска придружба до одредени локации каде останувале по 8 до 10 часа, по што исто така со полициско возоло и придружба биле враќани во затворот, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес постапувајќи по наредба донесена од страна на судија на претходна постапка, изврши два претреси на две локации, во домовите на лица кои што се службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради постоење на основни сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработен во затворот.

2 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Feb 12:22 -> 27-Feb 20:40
.
.
.
.

Форумот на жени на СДСМ со осуда за изјавата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, бараат извинување

  • Димитриеска Кочоска: Најмалку од сите имате право да коментирате за трошоци и за патни трошоци

  • Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

  • ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славјанка Петровска од СДС да глуми жртва

Опозициската СДСМ и Форумот на жени најостро ја осудуваат денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска кон пратеничката Славјанка Петровска.

Инфлацијата на храната во времето на владата на СДСМ стигна и над 30 проценти, а денеска е многу пониска и од три проценти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање.

„СДСМ и Форумот на жени најостро ја осудува денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност.

3 (9) ■ вести > македонија > хроника ■ 27-Feb 18:48 -> 27-Feb 19:55
.
.
.
.

Приведени поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и затворски полицаец, кривични пријави за 10 лица

  • КРИВИЧНИ ЗА ДЕСЕТ ЛИЦА: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

Поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје Ф.А. и затворскиот полицаец С.К. денеска се приведени поради сомнежи за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода.

На 24 февруари 2025 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица и тоа: Ф.А. (42) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од КЗ, С.К. (53), П.А. (40), Ѓ.Р. (34), С.П. (48), Т.Н. (37), Е.О. (46), З.М. (35), К.В. (34) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, како и против С.К. (33) за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 1 од КЗ. Пријавениот Ф.А., во својство на директор на КПУ Затвор Скопје, во период од март 2024 до 24.07.2024 со намера на противзаконит начин, привремено да ослободи осудени лица кои издржувале затворски казни во КПУ Затвор Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба дозволил и наредил повеќе осудени лица од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности кои не им следувале согласно судските одлуки, односно истиот одобрил молби поднесени од осудените лица повремено да го напуштат затворот, по што пријавениот П.А. од позиција на командир на затворска полиција, кој бил задолжен за спровод, иако знаел дека таквиот вид на спровод е спротивен на закон и процедурите за спровод, по добиената наредба од директорот Ф.А., изготвил наредба за спровод на осудените лица до нивните домови и други локации за приватни потреби, по што така изготвени биле одобрени од страна на директорот Ф.А., а во неколку наврати биле одобрувани од страна на С.К., вработен како затворски полицаец во КПУ Затвор Скопје, личен возач на Ф.А.. Потоа пријавениот П.А. одобрените наредби ги предавал на пријавените затворски полицајци Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О., З.М. и К.В. со цел извршување на незаконскиот спровод на осудените лица, иако истите знаеле дека таков спровод на осудено лице до домашна адреса врз основа на молба е спротивно на закон и процедурите и подзаконските акти на законот, сепак го извршиле спроводот, каде што ги ослободувале осудените лица да извршуваат приватни работи, а потоа откако ќе поминел одреден временски период (најчесто 8 до 10 часови) пријавените затворски полицајци ги враќале осудените лица назад во затворот.

6 (88) ■ вести > свет > регион ■ 25-Feb 12:13 -> 27-Feb 18:47
.
.
.
.

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

  • Додик прогласен за виновен, Лукиќ ослободен од обвиненијата

  • Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

  • Европратеници повикаа на воздржување од политички закани и штетни активности по пресудата за Додик

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на платформата Х објави дека Стејт департментот ја поддржува првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на БиХ по обвинението за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, додека вршителот на должноста директор на „Службен весник“ на Република Српска, Милош Лукиќ е ослободен од одговорност.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит денеска во Сараево изјави дека Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИК) ги повика сите да се воздржат од интервенции, притисоци, политички закани и да ја почитуваат независноста на судството.

Ја нагласуваме важноста од целосно почитување на институциите на Босна и Херцеговина и независноста на нејзиното судство и потенцираме дека притисок врз судството и заплашувањето на судиите се неприфатливи, порачаа во заедничка изјава постојаниот известувач за БиХ на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, чешкиот европратеник Онджеј Колаж и претседавачот на Делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово, хрватскиот европратеник Давор Иво Стиер по повод изречените пресуди за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в. д. директор на „Службениот весник на РС“, Милош Лукиќ.

7 (27) ■ вести > македонија ■ 27-Feb 12:00 -> 27-Feb 16:33
.
.
.
.

Демант од Град Скопје на изјава на Алаксандар Трајановски

  • Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски си поднесе оставка

  • „НЕ ПРИФАЌАМ ДА БИДАМ ЗАМЕНИК САМО НА САРАЈ“ Десната рака на Данела во Град Скопје си поднесе оставка

Демант на изјава на Алаксандар Трајановски, кој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци Лицето Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци.

На денешната седница на советот Трајановски рече дека градоначалничката Данела Арсовска се грижи единствено за „кланот од Сарај“, кој под незјино водство владее со Скопје.

Заменик градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, истакнувајќи дека не се согласува со насоката во која се водат Градот и јавните претпријатија.

8 (97) ■ вести > свет ■ 25-Feb 00:39 -> 27-Feb 20:20
.
.
.
.

Трамп: Златни карти ќе добиваат и руски олигарси, меѓу нив има многу добри луѓе

  • Трамп: Украина може да заборави на НАТО, Европа треба да ѝ даде безбедносни гаранции

  • Претставник на Белата куќа: Нема смисла Зеленски да го посети Вашингтон, ако нема договор за ретките минерали

  • Трамп бара Украина да врати милијарди долари; Зеленски: Нема да вратиме ниту цент!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека руските олигарси потенцијално би можеле да аплицираат за билет од 5 милиони долари преку новата програма која нуди пат до американско државјанство за богатите странци.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина „може да заборави“ на членството во НАТО.

Неименуван претставник на Белата куќа денеска изрази сомневање за соодветноста на поканата до украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп, со оглед на неговите коментари дека не е финализиран договорот за ретките минерали.

„Сакав договорот да има реченица за безбедносните гаранции за Украина и ми е важно тоа да е таму“, рече тој.

9 (27) ■ вести > свет ■ 25-Feb 13:06 -> 27-Feb 20:55
.
.
.
.

Хамас изрази подготвеност да преговара со Израел за следната фаза од примирјето во Газа

  • Хамас и Израел постигнаа договор за ослободување на палестинските затвореници

  • Во Германија почна судењето на четворица членови на Хамас

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека е подготвена да преговара со Израел за следната фаза од примирјето во Појасот Газа, по размената на палестински затвореници и израелски заложници во текот на ноќта.

Хамас соопшти дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.

Во Германија денеска почна судски процес против четворица наводни припадници на Хамас, осомничени за организирање на магацини со оружје ширум Европа.

15 (19) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Feb 09:42 -> 27-Feb 13:40
.
.
.
.

МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

  • Отповикани 8 амбасадори назначени од Стево Пендаровски

Во врска со информациите што утринава беа објавени на дел од интернет порталите, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со фактичката состојба, соопшти МНР откако дел од медиумите утрово објавија дека се отповикани осум амбасадори -Во однос на постапката за отповикување на определен број амбасадори, информираме дека Министерството е во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на Претседателот на државата.

По автентичното толкување на Собранието и владината одлука, повлечени се осум амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Повеќе од
оваа категорија

47 (34) ■ спорт > фудбал ■ 25-Feb 08:16 -> 27-Feb 20:59
.
.
.
.

Мурињо жестоко казнет од Турската федерација, сега се чека и одлуката по тужбата на Галатасарај

  • Војната продолжува и надвор од теренот: Галатасарај го обвини Мурињо за расизам

  • Галатасарај ќе покрене кривична постапка против Мурињо

  • Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција жестоко го казни со четири натпревари суспензија тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, поради неговите изјави дека противничката клупа „скокала како мајмуни на секоја судиска одлука“ што во турската јавност беа разбрани како расистички.

Фудбалскиот клуб Галатасарај најави кривична тужба против тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, обвинувајќи го за расистички коментари по вчерашното големо дерби.

Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0). По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“.

Управата на турскиот фудбалски клуб Фенербахче го брани својот тренер кој се најде под критики од големиот ривал Галатасарај.

60 (5) ■ спорт > фудбал ■ 27-Feb 13:25 -> 27-Feb 15:16
.
.
.
.

Пике би ги казнувал екипите чии натпревари ќе завршат без голови

  • Револуционерна идеја на Пике: Како натпреварите да не завршуваат 0:0?

Жерар Пике, легендата на Барселона и шпанската репрезентација, беше гостин во подкастот на Икер Касиљас и во него ја изложи идејата која би требало да влијае врз тоа натпреварите да не завршуваат со резултат 0:0. Бившиот стопер, екипите чии натпревари завршуваат без голови би ги казнувал така што ниту една од нив не би добила ниту бод.

Џерард Пике, пензионираната легенда на Барселона и шпанската репрезентација, се појави на подкастот на Икер Касиљас и ја претстави идејата што треба да помогне натпреварите да не завршуваат нерешено 0:0. Поранешниот стопер би ги казнувал екипите чии натпревари завршиле без голови за ниту една од нив да не освои бод.

Повеќе од
оваа категорија