1 (72) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 07:30
.
.
.
.

Би-Би-Си: Израел игра многу опасна игра, копнената инвазија изгледа неизбежна

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

  • Израелската армија и Хезболах продолжуваат меѓусебно да се гранатираат преку границата

Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

Израелската армија и либанското шиитско движење „Хезболах“ и денеска продолжуваат меѓусебно да се гранатираат преку границата.

2 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Sep 11:42 -> 23-Sep 16:13
.
.
.
.

Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени

  • ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

  • Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

  • ВМРО-ДПМНЕ спинува, Пендаровски не се откажал од канцеларијата, туку од претседателската пензија

​Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица.

Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, на прес-конференција изјави дека Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

ДРАГАН МИШЕВ Соочени со серијата неуспеси на надворешно политички план, неколкуте катастрофални потези, дипломатските скандали што ни ги приреди претседателката Давкова, немоќта да го остварат предизборното ветување враќање на старото име на државата, критиките за игнорантскиот однос кон баранителите, непокачувањето на платите, доцнењето со мерките за одбрана на животниот стандард на граѓаните, како и зголемувањето на криминалните активности во земјава, во обид да ги дезавуира овие негативни процеси кои земаа замав, ВМРО-ДПМНЕ го прави она што отсекогаш највеќе го знаела и го правела, да спинува и манипулира.

3 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:18 -> 23-Sep 22:41
.
.
.
.

Муцунски: Одлична и конструктивна средба со Герапетритис, заеднички ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

  • Муцунски во Њујорк: Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а војните и конфликтите да останат во минатото

  • Муцунски- Герапетритис во Њујорк: Почитување на меѓународното јавно право е суштинско

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна.

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.

5 (10) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 15:28 -> 23-Sep 22:32
.
.
.
.

Градоначалник на Скопје е убав предизвик за министерот Златко Перински

  • Перински: Сто милиони евра за општините, критериумите се општи за сите да аплицираат и сите пари да се потрошат

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека градоначалничката функција во главниот град е убав предизвик и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначачлниката позиција во Скопје.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека од утре почнува евалуацијата на проектите на општините за распределба на сто милиони евра, чиј рок за доставување истекува денеска.

6 (21) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:47 -> 24-Sep 07:45
.
.
.
.

(ВИДЕО) Зеленски: Oваа есен ќе се одлучи за иднината на војната

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • Зеленски во посета на фабрика за артилериски гранати во Пенсилвенија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во САД, каде на својот американски колега Џо Бајден и сојузниците ќе им ги претстави деталите од неговиот мировен план, опишан како „план за победа“, чија цел е да се стави крај на руската инвазија на неговата земја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Под засилени безбедносни мерки, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети фабриката за муниција во Пенсилванија за да им се заблагодари на работниците кои учествуваат во производство на муниција која се користи во одбрана на неговата земја од руските копнени сили.

7 (13) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 14:42 -> 23-Sep 16:21
.
.
.
.

Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

  • Мицкоски најави стратегија за развој за наредните 20 години

Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, на која присуствуваше амбасадорот на Оединетото Кралство, Метју Лосон, како и претставниците на Обединети Нации и УНДП, Рита Колумбиа и Армен Григорјан.

Предолго државата е соочена со распространета корупција која не е санкционирана и на некој начин, системот создава култура на корумпираност.

9 (16) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 07:00 -> 23-Sep 10:30
.
.
.
.

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

  • Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23.09.2024 година, во 2 часот и 2 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

12 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Sep 22:36 -> 23-Sep 20:15
.
.
.
.

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик

  • Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за иднината побара длабоки реформи во ОН како одговор на глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, кршење на меѓународното право, па дури и на JUS GOGENS, практикување на правото на мажите, наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите Нации во Њујорк.

13 (13) ■ вести > македонија ■ 23-Sep 09:59 -> 23-Sep 13:28
.
.
.
.

Шахистот Тони Лазов испиша историја освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Будимпешта

  • Македонскиот шахист Тони Лазов блеска со сребро на Олимпијадата во Будимпешта

Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот успех во кариерата на Шаховската Олимпијада, која заврши во Будимпешта, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со одличен рејтинг-перформанс (2763)! Лазов игра во одлична форма последниве две години, при што претходната година на Европското екипно првенство освои велемајсторска норма, која и овојпат му беше на дофат.

Актуелниот државен првак на Македонија во шах и член на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, го постигна најголемиот успех во кариерата на Шаховската Олимпијада, која заврши во Будимпешта, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со одличен рејтинг-перформанс (2763)! Лазов игра во одлична форма последниве две години, при што претходната година на Европското екипно првенство освои велемајсторска норма, која и овојпат му беше на дофат.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија