Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку видео објава на социјалните мрежи изнесе тешки обвинувања за постапувањето на полициските службеници по инцидентот во кој, според неа, била физички и вербално нападната од страна на непознато лице.
Од: А1он Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир.
Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество, велат од Општината.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.