Денеска е уапсен З.Д., вработен во Народната банка на Северна Македонија, по сведочењето на Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.
Ослободителни пресуди за убиствата на Вања и Панче бара одбраната на обвинетите.