Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан од Охрид денеска кажа дека со премиерот Христијан Мицкоски зборувале за европската интеграција на државата.
Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.
Во Охрид се преземени сите неопходни мерки за безбедно и непречено движење на владините делегации предводени од премиерите на Македонија и Унгарија.