1 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 11:32 -> 16-Oct 15:11
.
.
.
.

Документот од оценската мисија на ЕК бил земен од екс министерот Лога, објави министерот Филков

  • Филков: Лога си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

  • Филков: Пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ

Кренар Лога кога ја напуштил министерската функција си ги зел документите со препораки од Европската Комисија за Судскиот совет, па сега министерството за правда остана без целосниот доверлив допис- тврди актуелниот министер Игор Филков.

Многу споменуваниот документ за препораките на Оценската мисија на ЕУ не е на располагање во Министерството, изјави денеска министерот за правда, Игор Филков, за време отчетотот за „Стоте дена Влада“ дека.

Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го зел документот со препораки за Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија.

4 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 14:06 -> 16-Oct 14:32
.
.
.
.

Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат

  • Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат, без гаранции дека нема да има нови вета, вели Николоски

Без гаранции дека нема да има нови вета, вели Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Велес, коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека уставните измени се клучен чекор кон почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, истакна дека позицијата на Владата е јасна, директна и отворена, а тоа е дека нема уставни измени под бугарски диктат и оти единствен начин тоа да се реши е да се даде гаранција дека нема да има натамошни блокади од ваков тип.

5 (12) ■ вести > македонија ■ 16-Oct 12:30 -> 16-Oct 15:36
.
.
.
.

(Во живо) Мицкоски и Андоновски ќе ја претстават Националната ИКТ стратегија

  • ВЛАДАТА ГО ИЗРАБОТИ КЛУЧНИОТ ДОКУМЕНТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Преку него ќе се мери напредокот во ова поле

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе остварат состанок на кој ќе се означи почетокот на изработка на Национална стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој во државата – Националната ИКТ стратегија.

Дигитализацијата не е една монолитна работа, туку опфаќа низа комплексни, меѓусебно поврзани и комплементарни чекори, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски по која следеше и седницата на Владата.

7 (5) ■ вести > македонија ■ 16-Oct 14:38 -> 16-Oct 15:31
.
.
.
.

ЛАПТОПОТ Е КАЈ ПРЕВЕДУВАЧИТЕ, ТРОТИНЕТОТ Е ВО КАНЦЕЛАРИЈА, ДОКУМЕНТИТЕ СЕ ДОБИЕНИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ Лога му ѕвонел на Филков, ама тој не кревал

  • За Лога Филков е само „потписник“, министерува некој друг

Му ѕвонев на телефон, му пишав и СМС порака, но никако не можев да стапам во контакт новоназначениот министер за правда, реагираше поранешниот министер Кренар Лога откако актуелниот министер Игор Филков денеска обвини дека затекнал Кабинет полн со чадори, торби и чаши, но и дека ги нема документите со препораките од Европската комисија.

Екс министерот Кренар Лога ги нарече „невистини“ тврдењата на министерот за правда Игор Филков дека кога си заминал од функцијата ја испразнил целосно канцеларијата, земајќи со себе и класифицирани документи.

8 (7) ■ вести > македонија ■ 16-Oct 08:22 -> 16-Oct 15:32
.
.
.
.

Николоски: Се работи на проектирање на нов Мост кај Башино Село на влезот во Велес

  • Министерот Николоски направи увид во новата социјална зграда во Велес

Јавното претпријатие за државни патишта работи на проектирање и со буџетот за следната година ќе има изведувач којшто ќе треба да го изгради новиот мост на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите во Велес, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски при денешната посета на Велес.

Во новоизградената социјална зграда во Велес со 29 станови, а чиј оглас за доделување преку Министерството за транспорт и врски е во тек до 21 октомври, денеска увид направи министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со Марјан Стефановски генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор и градоначалникот Марко Колев.

10 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Oct 19:28 -> 16-Oct 10:55
.
.
.
.

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

  • Филипче: Законот за правична застапеност не може да се прави во партиски штаб на ВЛЕН

  • Филипче: СДСМ е консолидирана, во ноември ново раководство на партијата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија Сител, посочи на недоследностите во актуелната Влада во врска со носењето на нов Закон за правична застапеност откако Уставен суд го укина балансерот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител, изјави дека со неговото стапување на функцијата претседател на партијата, СДСМ забележала прекин на падот во рејтингот и дека започнала значајна консолидација.

13 (149) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Oct 07:48 -> 16-Oct 15:52
.
.
.
.

„Велибор Манев ни покажа каде е закопан Панче, кажа дека во него пукал Палчо“, сведочи поранешен началник на СВР Велес

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Ристе Самарџиев, поранешен началник на СВР Велес е вториот сведок на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Повеќе од
оваа категорија

98 (7) ■ спорт > кошарка ■ 14-Oct 18:33 -> 16-Oct 10:30
.
.
.
.

Петровиќ: Загубивме пет топки и дозволивме неверојатен пресврт

  • Пелистер во последниот период испушти втора победа во Подгорица

Кошаркарите на Пелистер во самиот финиш испуштија победа кај КК Подгорица во натпреварот од второто коло во групата Ц на АБА2 лигата (90-79). Битолскиот тим беше блиску до нов триумф и одигра одлично во третата четвртина, но не успеа да го заокружи позитивниот исход.

По победата над Широки Брег екипата на Пелистер во завршницата испушти пораз на гостувањето во Подгорица и беше поразена со 90-79. Домаќините беа тие кои подобро го стартуваа натпреварот и во еден момент од првата четвртина имаа и највисоки во тој период „плус осум“ (17-9). Сепак, Пелистер набрзо се ослободи од почетнито грч и во самата завршница од првата четвртина за првпат поведе во натпреварот (21-22). Тоа водство беше само почеток на подобрата игра на Пелистер во наредниот период.

124 (7) ■ спорт > фудбал ■ 14-Oct 14:35 -> 16-Oct 11:56
.
.
.
.

Фудбалерите и претставниците на лигите ќе ја тужат ФИФА

  • „Случајот Диара“ победи на суд, ФИФА ќе ги менува правилата за трансфери

Глобалниот сојуз на професионални фудбалери ФИФпро во соработка со претставниците на еминентните европски национални првенства, поднесе жалба до Европската комисија против Светската куќа на фудбалот (ФИФА) поради исцрпувачкиот распоред на натпреварувањата, кој вклучува голем број на натпревари.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) најавува промени во системот за трансфери откако Европскиот суд пресуди во корист на Французинот Ласана Диара, кој ја тужеше ФИФА за „ “. Актуелниот правилник вели декка клубовите мораат да исплатат обесштетување на поранешниот клуб на играчот во моментот кога тој заминува како слободен агент и во случај кога договорот е раскинат без конкретна причина.

Повеќе од
оваа категорија