Единствениот европски претставник на Македонија, Алкалоид, го одигра четвртфиналниот натпревар против Баја Маре од Романија и на гостински терен испушти победа во самиот финиш (31-31). На овој меч, Алкалоид играше со црни траки, а беше одржано и едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани.
Грчкиот клуб Олимпијакос го одбрани домашниот терен и славеше убедливо над Рунар од Норвешка (37-31) во рамки на четвртфиналето на ЕХФ Купот.