Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за државната МИА вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика – Жозеп Борел и со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.