1 (225) ■ вести > свет > политика > војна ■ 12-Jun 07:11 -> 14-Jun 20:45
.
.
.
.

Израел: „Техеран ќе гори“

  • Што е „Хаибар“ - новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

  • Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

  • Иран: Не го нападнавме Израел, но одмаздата ќе дојде во блиска иднина

Израел се закани со жестока одмазда против Иран откако двете земји разменија разорни воздушни и ракетни напади во саботата, еден ден по израелските напади врз нуклеарни објекти, воени бази и високи ирански функционери.

По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“.

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.

4 (24) ■ вести > свет > украина ■ 12-Jun 05:33 -> 14-Jun 18:45
.
.
.
.

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

  • Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници

  • Зеленски: Путин се крие зад преговорите за да избегне санкции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили успеале да го сопрат напредувањето на руската армија во североисточната Сумска област и дека во моментов се водат борби по должината на границата со цел повторно воспоставување контрола.

Во текот на оваа недела, Украина и Русија успешно ја реализираа својата четврта размена на воени заробеници, соопштија официјални извори од двете земји.

Од: А1он Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи темата за мировни преговори како средство за избегнување на притисокот од построги санкции против Русија.

8 (76) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Jun 11:29 -> 14-Jun 12:20
.
.
.
.

Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија

  • Николоски - Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

  • Потпишан договор за стратешко партнерство со Унгарија

  • Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво.

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во еднодневна посета на Македонија престојуваше унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

МИАШефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска од Скопје порача дека Европската Унија јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство.

11 (62) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Jun 18:56 -> 14-Jun 19:32
.
.
.
.

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

  • Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица

  • Во Кочани уапсени 13 лица, акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници

  • За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Се запира постапката за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК.

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски.

12 (96) ■ вести > свет ■ 12-Jun 09:16 -> 14-Jun 18:54
.
.
.
.

Пронајдена црната кутија на „Ер Индија“; Бројот на жртви е зголемен, потрагата сè уште е во тек

  • Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија

  • Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив

  • Голем број студенти по медицина загинаа во авионската несреќа во Индија

Црна кутија е пронајдена на местото на падот на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, потврди индискиот министер за цивилно воздухопловство Рам Мохан Наиду Кинџарапу, пишува Би-Би-Си. Црната кутија е пронајдена во рок од 28 часа по падот, соопшти Бирото за истрага на воздушни несреќи (AAIB), кое ја води истрагата со помош на американски и британски експерти.

ндиските власти соопштија дека се пронајдени 204 тела од уривањето на патнички авион на Ер Индија што се случи кратко по полетувањето од аеродромот во Ахмадабад кон Лондон.

Вишвакумар Рамеш, единствениот патник кој го преживеа падот на авионот на Ер Индија во кој загинаа 241 лице, изјави дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, урнатини и изгорени тела.

Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

264 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:18 -> 12-Jun 19:08
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

  • ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот Според министерката во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки Фото: Принтскрин За 7 години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање за состојбата на долгот од пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

272 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 07:15 -> 12-Jun 15:37
.
.
.
.

ЕЛЕМ Турс со акумулирани загуби од 1,2 милијарди денари, утврди Државна ревизија

  • ЗАСТАРЕНИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ЗАДОЛЖЕНОСТ И ЗАГУБИ: Ревизорите со забелешки за работењето на ЕЛЕМ ТУРС

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје, за 2023 година утврди низа недоследности во работењето на Друштвото, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

Добивај вести на Viber Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

316 (5) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:14 -> 14-Jun 04:47
.
.
.
.

ЦАРИНИТЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА: Македонија со нов закон, дигитални реформи и скок во заплени

  • Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ - Agrotim.mk

Време зa читање: 4 минути Во време кога економската интеграција со Европската Унија станува клучна политичка и економска цел за земјите од Западен Балкан, царинските управи се позиционираат како клучничинители во овој процес.

„Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи.

19 (14) ■ сцена > фудбал ■ 12-Jun 12:00 -> 14-Jun 19:00
.
.
.
.

Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“

  • Дејвид Бекам прогласен за витез

На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.

Британскиот крал Чарлс го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез на церемонија по повод неговиот роденден, според традиционалниот список на почести објавен во петокот.„Никогаш не можев да замислам дека ќе ја добијам оваа чест“, им рече Бекам на новинарите, потсетувајќи се на своето воспитување во Источен Лондон, во скромно семејство на „патриотски и горди британски родители, баби и дедовци“.Сер Дејвид и Лејди Викторија50-годишниот Бекам, кој се пензионираше од професионалниот фудбал во 2013 година, сега ја носи титулата Сер Дејвид, додека неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на „Спајс грлс“, станува Лејди Викторија.Бекам, кој стана икона и во светот на спортот и во светот на модата, со години е кандидат за оваа награда.

280 (4) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 08:00 -> 13-Jun 18:15
.
.
.
.

„Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани, започнува на 19 јуни

  • Во Крива Паланка се одржа премиера на адаптирана верзија на „Зоки Поки“

На 19 јуни започнува „Кривопаланечко културно лето“ 2025, со опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Facebook / НУ Центар за култура Крива Паланка Мудри досетки, впечатливи детски реплики, другарство и дружба на разни генерации дечиња беа дел од вечерашната изведба на сценската адаптација на една од најпознатите книги за деца, „Зоки Поки” од Оливера Николова.