Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска побара од министерката за образование и наука Весна Јаневска да му даде образложение како да ги менаџира средствата што се префрлаат како блок-дотации за да успее да го плати долгот што основните училишта го имаат кон „ЕСМ-Снабдување со топлина“.
Новата грејна сезона во Скопје ќе почне официјално утре, а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење.
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8.3 милиони денари, затоа што локалната самоуправа не е должна да го прави тоа.