1 (12) ■ вести > македонија ■ 22-Sep 19:45 -> 22-Sep 22:41
.
.
.
.

Ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик, имаат своја култура и не може Бугарија да ни кажува кој сме и што сме, порача Николоски

  • Николоски: Бугарија сака да се меша во внатрешните работи, од мене оставка може да побара премиерот и народот кој ме гласал

Потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител каде што зборуваше и актуелната политичка ситуација во Бугарија која што веќе трета година по ред им се случуваат седми неуспешни парламентарни избори, при што политичките актери за да ги покријат своите неуспеси ја мешаат Македонија.

Оставка во Македонија од мене може да побара премиерот или може да побараат тие што ме избрале, а тоа е народот.

2 (24) ■ вести > свет ■ 21-Sep 10:00 -> 22-Sep 22:06
.
.
.
.

ТРАМП: Ако загубам на овие избори, нема да се кандидирам во 2028 година

  • Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за дебата на 23 октомври и го повикува Трамп да ја прифати поканата

  • Трамп: Доцна е за уште една претседателска дебата, Американците почнаа да гласаат

Во интервју емитувано денеска, Доналд Трамп ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на ноемвриските избори.

Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен да учествува на дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 23 октомври, соопшти денеска нејзиниот изборен штаб.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори во САД, Доналд Трамп изјави дека е „доцна“ за уште една претседателска дебата бидејќи Американците почнаа да гласаат на изборите.

3 (32) ■ вести > македонија ■ 21-Sep 09:30 -> 22-Sep 16:55
.
.
.
.

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси

  • Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк

  • Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк, неизвесно усвојувањето на Пактот за иднината

  • Сиљановска-Давкова на литургија во црква во Њу Џерси за празникот Мала Богородица

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на литургија во црквата „Свети Никола“ во Њу Џерси, САД, по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица.

10 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Sep 09:57 -> 22-Sep 10:48
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поефтино

  • Николовски демантира дека се расфрлал со пари по хотели: ВМРО-ДПМНЕ лаже, објавите не се точни

  • Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е. Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле ефтини.

Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите тие манипулираат, вели пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски по обвинувањата дека тој додека бил министер за земјоделство, се расфрлал со пари на патувања.

Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога во исто време можел да биде поекономичен и да заштеди.

Повеќе од
оваа категорија

77 (6) ■ бизнис > економија ■ 21-Sep 07:30 -> 21-Sep 11:42
.
.
.
.

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

  • ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ: Владата ја спакува есенската кошница со 73 производи кои ќе бидат поевтини до 31 октомври

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа . Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.