Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик, додека против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Основното јавно обвинителство поднесе предлог за притвор за три лица за сквернавење на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје.