Добивај вести на Viber Најмалку две лица загинаа кога едрилицата на мексиканската морнарица „Куаутемок“ удри во Бруклинскиот мост, соопшти градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.„Од 277 лица на бродот, 19 беа повредени, двајца се уште се во критична состојба, а двајца за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на платформата X.Како што потврдил полициски извор за Си-Ен-Ен, мртвите паднале од еден од јарболите на бродот.
Њујорк – Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.