Граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, и заеднички да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, во вечерашната „Тема на денот“ на телевизија Сител.
Новиот генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во своето прво интервју по назначувањето на прашањето кои ќе бидат неговите клучни приоритети и кој ќе биде неговиот фокус, тој вели „главниот фокус ќе биде ставен на консолидација на партијата, посета на општинските организации, разговори со членството“.