1 (19) ■ вести > македонија ■ 29-Sep 12:59 -> 29-Sep 18:41
.
.
.
.

На хуманитарен пикник на „Алкалоид“ собрани околу два милиони денари за „СОС Детско село“

  • Десетти хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Околу 2 милиони денари за организацијата СОС Детско село

„Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10-тиот по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемиските ограничувања.

Наменски дизајнираните маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои – симболизираше пропусница за пикникот, преку која семејството алкалоидовци и пријателите до денес донираа околу 2 милиони денари.

3 (99) ■ вести > свет ■ 27-Sep 07:30 -> 29-Sep 18:08
.
.
.
.

Во Иран прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

  • Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

  • Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, рече Нетанјаху во ОН

  • Либанската група Хезболах потврди дека водачот е мртов

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна жалост, по убиството на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала.

Израел ги споделува целите на иницијативата предводена од САД за прекин на огнот во Либан, соопштија денеска од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, изјави денеска од говорницата на ОН израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот лидер и еден од основачите Сајед Хасан Насралах е убиен во израелски воздушен напад и најави дека ќе продолжи да се бори против Израел.

6 (14) ■ вести > македонија ■ 29-Sep 12:48 -> 29-Sep 18:23
.
.
.
.

Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија

  • Новини во начинот на финансирање: Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре

Нов закон за култура подговува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти денеска министерот Зоран Љутков.

Министерот Зоран Љутков најавувајќи ги пропозициите за финасирање на проекти од културата рече дека, конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор во културата“.Прецизно е утврдено кој вид проект со колку средства максимално може да биде подржан, а промените се направени по анализи за досегашното финансирање, во консултации со засегнатите кои и досега се пријавувале на конкурсите и по укажувања на Државниот завод за ревизија.

9 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Sep 10:40 -> 29-Sep 16:00
.
.
.
.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

  • Поразот кон ЕУ е дело на СДСМ

  • СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во само една недела се покажа дека Брисел не им поверува на нашите па пристигна одлуката за За нас, барем засега, останува условот за одржување на Втора меѓувладина конференција преку спроведување на уставните измени со кои Бугарите треба да се внесат во македонскиот Устав, пишува Ивор Мицковски во и фаќа сеир од ваквиот исход, презадоволни дека на европско ниво успеале да ја закочат Македонија, со проблем кој самите го измислија и перфидно го наметнаа.

Од СДСМ велат дека раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

13 (116) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Sep 08:56 -> 29-Sep 10:16
.
.
.
.

Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија, вели СДСМ

  • СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

  • Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава

  • Орбан: Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме

„Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојуваше во официјална посета на Македонија, вчера од Охрид порача дека Унгарија има план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија.

Унгарија да биде посредник во спорот на земјава со Бугарија, ова е предлогот кој што Унгарскиот премиер Орбан му го кажал на Мицкоски по средбата во Охрид.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

59 (4) ■ бизнис > македонија ■ 29-Sep 10:59 -> 29-Sep 13:28
.
.
.
.

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

  • 📷 ФЕРОИНВЕСТ И БРАКО ДЕЛ ОД „RE-MEMBER 2024“ Инженерите на двете компании ги презентираа најновите технолошки достигнувања

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника.

На настанот „RE-MEMBER 2024“, посветен на 20 години од воведувањето на студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје, компаниите ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги презентираа своите најнови инженерски решенија.

197 (4) ■ сцена > култура ■ 27-Sep 10:30 -> 29-Sep 17:15
.
.
.
.

Интервју со Жарко Кујунџиски, главен уредник на „Антолог“: Работата во издаваштвото е алхемичарски потфат

  • Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“

Книжевниот центар „Антолог“ бележи 25 години од основањето, а во периодот од 30 септември до 3 октомври ќе се одржи јубилејното 10. издание на фестивалот на европска литература „Букстар“ под слоганот „Метаморфози“ во „Лабораториум“.

Фестивалот „Букстар“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска која ќе го прогласи фестивалот за отворен, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.