1 (24) ■ вести > македонија ■ 22-Oct 12:42 -> 24-Oct 10:11
.
.
.
.

Костадинов и Јакимовски најавија дека општините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС

  • Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

  • Општина Струмица го напушта ЗЕЛС

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, посочувајќи дека денеска за ова ќе подготви и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС оти не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи.

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот Фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

5 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Oct 15:48 -> 24-Oct 11:24
.
.
.
.

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

  • Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија

  • Историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија: Слободно ќе ги изразиме своите ставови

Почна средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, денеска, во Скопје.

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија утре, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Треба да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, вели во телевизиско интервју историчарот Митко Панов, кој е еден од новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

9 (4) ■ вести > македонија ■ 24-Oct 10:27 -> 24-Oct 11:12
.
.
.
.

Прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава, вели Лашкоска

  • Прекуграничната соработка во управувањето со водите е основа за климатска адаптација

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) , што деновиве се одржува во Љубљана, Словенија.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) , што деновиве се одржува во Љубљана, Словенија.

14 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Oct 16:05 -> 24-Oct 11:24
.
.
.
.

Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

  • Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

  • Подеста: Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен

  • Посебен режим на сообраќајот во четврток во Скопје, доаѓа Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје.

Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во четврток поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

69 (5) ■ спорт > фудбал ■ 23-Oct 18:18 -> 24-Oct 09:30
.
.
.
.

АКО НА СИТИ МУ ЈА ОДЗЕМАТ ТИТУЛАТА, ЈУНАЈТЕД ЌЕ МИ ДОЛЖИ БОНУСИ Мурињо може да го ќари медалот од 2018 година

  • Мурињо: Ако на Манчестер С е без титула во Премиер лигата, тогаш Манчестер Ј ќе ми должи бонус

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека доколку на Манчестер сити му се одземат бодовите и титулата во Премиер лигата 2017/18 им биде предадена на „црвените ѓаволи“, клубот ќе мора да му исплати бонуси.

Ако на Манчестер сити му ја одземат титулата во Премиер лигата, тогаш Манчестер јунајтед ќе ми должи бонуси Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека доколку на Манчестер сити му се одземат бодовите и титулата во Премиер лигата 2017/18 им биде предадена на „црвените ѓаволи“, клубот ќе мора да му исплати бонуси.

Повеќе од
оваа категорија

161 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Oct 15:19 -> 22-Oct 16:42
.
.
.
.

ГРЦИ, ВЛОЖУВАЈТЕ КАЈ НАС, ДОГОДИНА ЌЕ БИДЕМЕ БРОЈ 1 НА БАЛКАНОТ! Силна порака на вицепремиерот Николоски во Солун

  • Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас

Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

132 (4) ■ сцена > култура ■ 23-Oct 09:48 -> 23-Oct 13:42
.
.
.
.

На Славе Ѓорѓо Димоски денескa ќе му биде врачена државната награда „23 Октомври“

  • Доделување на државната награда „23 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.