Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, рече дека иницира проект за развој на државата кој ќе биде преточен во стратегија до 2050 година.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита на граѓаните Денот на македонската револуционерна борба.
Целта на секоја наредна генерација е да изоди чекор напред во зачувување на идентитетот.
Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна.