По добивање информација од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, нелегално функционира склад за храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата изврши итен инспекциски надзор во нелегална локација каде што беше складирана храна од животинско и растително потекло.
Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со полицијата, извршија вонреден инспекциски надзор во див магацин во скопската населба Маџари, каде нелегално се складирала храна.