Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе стори сé што може“ за да избегне проширување на конфликтот.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.
Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут.
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска ја информира израелската јавност дека ИДФ ги интензивирала нападите врз Хезболах во Либан и дека Израелците треба да останат мирни во следните неколку дена.