Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, претпоставувам ниту пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да бега, но би сакал да ја прошириме со сите овие останати судски случаи кои завршија на начин на кој завршија.
Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, вели Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, а во врска со предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.
Петседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, денеска се осврна на предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање лидерска средба.