1 (4) ■ вести > македонија ■ 05-Oct 14:38 -> 05-Oct 14:45
.
.
.
.

БЕБЕТО ИМАЛО ТЕШКА РЕСПИРАТОРНА ИНФЕКЦИЈА Состојбата на 14-месечното девојче нагло се влошила

  • Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе

Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции.

Министерството за здравство соопшти дека ќе иницира комисија за стручен надзор на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести за да се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе, кое починало утрово на Клиниката за детски болести.

8 (8) ■ вести > македонија ■ 05-Oct 12:38 -> 05-Oct 13:48
.
.
.
.

Водата во Струмица сѐ уште не е безбедна за пиење поради повеќегодишно неодржување на главната водоводна мрежа

  • АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица, водата се уште не е безбедна за пиење

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување на нови мерки на јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Струмица.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување нови мерки на јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Струмица како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која во овој временски период е со енормно намалена количина вода, а од од каде се обезбедува питка вода за граѓаните од Струмица.

10 (8) ■ вести > македонија ■ 05-Oct 11:49 -> 05-Oct 14:42
.
.
.
.

Лимани најави „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца

  • Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме

Зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете, како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе, финансиска поддршка за мајките кои се вратени од породилно отсуство, ин-витро постапка со можност секоја жена да добие до шест бесплатни оплодувања, „дом за млади – купи куќа за младите“, поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца и програма „Добродојдовте дома“ за поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство, како и за стимулирање на останување во државата, односно спречување на одливот на мозоци, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

„Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

35 (5) ■ бизнис > економија ■ 05-Oct 11:00 -> 05-Oct 12:05
.
.
.

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

  • ПОВОЛНИ КРЕДИТИ ОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.

249 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

250 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

98 (8) ■ сцена > шоу биз ■ 03-Oct 10:04 -> 05-Oct 00:12
.
.
.
.

За 24 часа се јавиле 12.000 жртви и сведоци во случајот против Пи Диди

  • Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?!

Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон Диди Комбс во име на 120 жртви на сексуален напад, тврди дека телефонската линија што ја поставил претходно оваа недела била преплавена . Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон Диди Комбс во име на 120 жртви на сексуален напад, тврди дека телефонската линија што ја поставил претходно оваа недела била преплавена со неверојатни 12.000 повици за околу 24 часа.

Тони Базби, адвокатот кои што ги застапува новите обвиненија од 120 точки со кои се соочува уапсениот рапер, контроверзниот Шон Диди Комбс, ја шокираше јавноста.