По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје од вчера потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1, информираат од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). – Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.
Од страна на Агенцијата за храна и ветеринаство, се огласија по повод случувањата во Зоолошката градина, кога денеска беа убиени неколку видови птици, поради опасност од птичји грип.
СКОПЈЕ – Скопската Зоолошка градина утрово беше евакуирана а откако е потврдено присуството на високо заразниот вирус „птичји грип Х5Н1“ ќе биде затворена во наредните 21 ден.
Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски.