1 (12) ■ вести > македонија ■ 08-Oct 10:12 -> 09-Oct 21:02
.
.
.
.

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 – 2027

  • Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027 година

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Убави вести ни доаѓаат од Њујорк, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

2 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 21:02 -> 09-Oct 21:30
.
.
.
.

Орце Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани

  • Ѓорѓиевски: Потребни законски измени за полесно отповикување на градоначалници

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски учествуваше на панел-дискусијата ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, д-р Никола Пановски и Висар Ганиу.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски учествуваше на панел-дискусијата ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, д-р Никола Пановски и Висар Ганиу.

3 (51) ■ вести > свет > еу ■ 07-Oct 07:00 -> 09-Oct 21:22
.
.
.
.

Орбан: ЕУ мора да се промени, целта на унгарското претседателство е да биде гласот на промените

  • Орбан: Доколку продолжи илегалната миграција, ќе ги донесеме мигрантите пред канцелариите на ЕУ во Брисел

  • Орбан: Време е ЕУ да го исполни ветувањето за Балканот од пред 20 години

  • Жестока дебата во европскиот парламент, Орбан ја повика ЕУ да го забрза проширувањето

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија мора да се промени, а унгарското претседателство со ЕУ има за цел да биде „глас и катализатор за промени“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе донесе мигранти во Брисел и ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ. -Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа говор во Европскиот парламент и се осврна на ситуацијата во Европа и испрати низа пораки до претставниците на Брисел.

Време е Европската унија да го исполни ветувањето од пред 20 години и да го забрза процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, порача унгарскиот премиер Орбан во Европскиот Парламент.

5 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 11:33 -> 09-Oct 16:33
.
.
.
.

Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова

  • ДКСК: Не утврдивме користење на буџетски средства за приватни цели за патувањето на синот на премиерот во НАТО Самитот во САД

  • Мицкоски по одлуката на ДКСК: Го обвинија Јован, му судеа и го осудија само затоа што е мој син

  • ДКСК го затвори предметот за патувањето на синот на Мицкоски во САД – не бил дел од владината делегација, сам си ги платил патот и сместувањето

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната онлајн седница соопшти дека по увидот во целокупната документација доставена од Владата на Република Северна Македонија во врска со патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон, САД, утврдиле дека наводите објавени во јавност не се потврдуваат и нема елементи за натамошно постапување по оформениот предмет од причина што ДКСК по извршената проверка не утврдила прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не утврдила користење на буџетски средства за приватни цели.

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ.

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован, сам си платил и за авионските карти и за хотелското сместување во САД во јули, односно неговото патување на НАТО самитот не било платено со владини пари, констатирала Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која на денешната седница информираше дека го затвора овој предмет.

6 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 10:07 -> 09-Oct 15:21
.
.
.
.

Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци

  • Мисајловски предупредува: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе се рефлектира и кај нас

  • Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година

  • Раскинат договорот со кетеринг-компанијата од чија храна се затруле над 60 припадници на Армијата

Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа.

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Еднострано е раскинат договорот со кетеринг-компанијата што ги снабдуваше со оброци вработените во Амријата, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, и додаде оти договорот бил полн со недостатоци.

7 (28) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 08-Oct 13:45 -> 09-Oct 20:11
.
.
.
.

СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО, реагира ВМРО

  • ЕСМ: СДСМ е главен виновник за катастрофалните состојби во енергетиката

  • Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна

СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО.

СДСМ најмалку што е потребно во моментов е да ја коментира енергетската состојба во земјава.

Состојбата во филијалата во Битола е алармантна пред се од кадровски потенцијал, но и според бројот на нерешени предмети, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов денеска на прес – конференција во Битола.

8 (45) ■ вести > свет ■ 07-Oct 09:24 -> 09-Oct 19:45
.
.
.
.

Драматични повици за итна евакуација на Флорида

  • Ураганот Милтон денеска ќе го погоди регионот Тампа Беј на Флорида, најавуваат метеоролошките служби

  • Флорида се подготвува за ураганот Милтон, може да биде најкатастрофална бура досега

  • ВИДЕО: Еве како изгледа смртоносниот ураган Милтон од вселената

Американските власти во вторникот ги засилија повиците до жителите на Флорида да се евакуираат пред пристигнувањето на Милтон, „исклучително опасен“ ураган што се очекува да ја погоди американска територија од среда до четврток, и кој може да биде „најлошата бура“ што го погодила полуостровот „во последните сто години”, предупредува претседателот Џо Бајден.

Ураганот Милтон од петта категорија денеска ќе го погоди регионот на заливот Тампа во Флорида, соопштија метеоролошките служби, а градоначалничката на Тампа Џејн Кастор ги предупреди жителите да ги слушаат властите и да се евакуираат.

Југоисточната американска сојузна држава Флорида денес се подготвува за пристигнување на моќниот ураган Милтон, со предупредувања за обилни дождови, силни ветришта и бранови опасни по живот.

Ураганот Милтон кој достигна јачина од петта категорија, се движи кон крајбрежјето на САД и се очекува да ја погоди Флорида, каде што милион луѓе се повикани да се евакуираат.

9 (108) ■ вести > свет ■ 07-Oct 07:30 -> 09-Oct 21:11
.
.
.
.

Нетанјаху: Го отстранивме Хасан Насралах и двајцата негови наследници

  • Една година од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас

  • Владин извор тврди дека Хезболах се согласи за прекин на огнот во Либан пред Израел да го убие лидерот Насрала

  • Што сака Русија од израелско-иранската ескалација: Хаосот им одговара, но не и војна

Милитантите на Хезболах денеска истрелаа артилериски гранати и ракети врз израелските војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

На денешен ден лани почна конфликтот меѓу Израел и Хамас, најсмртоносен во историјата на израелско-палестинскиот конфликт.

Хезболах ги известил либанските власти дека прифатил прекин на огнот со Израел на денот кога во израелски напад беше убиен нивниот лидер Хасан Насрала, изјави владин извор за француски медиуми.

Ана Левина, руска истражувачка и фотограф-документарист, која живее во Бејрут, складира залихи како подготовка за израелски напад врз Либан.

12 (83) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 07-Oct 07:30 -> 09-Oct 19:07
.
.
.
.

Митева: Јавноста ќе биде информирана за решението за евроинтегративниот пат на државата

  • Мицкоски: До сега во неколку случаи сум разочаран од делувањето на обвинителството и судството

  • Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

  • Кога ќе се создадат услови, граѓаните и Собранието ќе бидат информирани за решението кое Владата го договара за евроинтеграциите, вели Митева

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската Унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ни ги решат домашните проблеми, туку прво треба да си ја завршиме домашната задача, а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо.

Кога ќе се создадат услови, јавноста и Собранието ќе бидат информирани за решението за евроинтеграциите на кое работи Владата, изјави денеска на прес-конференција новоназначената владина портпаролка Марија Митева.

13 (22) ■ вести > македонија ■ 09-Oct 11:45 -> 09-Oct 19:00
.
.
.
.

Ристовски за првите 100 дена: Почнавме санација на спортската инфраструктура,....

  • Пандев, Лазаров и Иџе веќе нема да рекламираат обложувачници и казина, најави министерот за спорт

  • Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите.

Истакнатите спортски легенди Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски-Иџе веќе нема да рекламираат казина, обложувачници и брзи кредити, најави на денешната прес-конференција министерот за спорт Борко Ристовски, кој појасни дека со спортистите бил направен „џентлменски договор“ во врска со ова прашање.

Познатите спортисти како Горан Пандев, Кирил Лазаров и Игор Стефановски -Иџе веќе нема да бидат дел од рекламните кампањеи на индустријата за игри на среќа соопшти денеска на прес конференција министерот за спорт Борко Ристовки.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

148 (6) ■ бизнис > економија ■ 08-Oct 07:35 -> 08-Oct 17:25
.
.
.
.

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

  • НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - нова позиција после три години член на Управата на групацијата во Љубљана

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.

254 (4) ■ бизнис > економија ■ 07-Oct 07:30 -> 08-Oct 11:03
.
.
.
.

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

  • ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка.

Економијата на Северна Македонија се соочи со подлабоки лузни од неодамнешните шокови - пандемијата Ковид-19 и порастот на цените на енергијата - отколку земјите од регионот, со реален БДП околу 10 проценти под претпандемичните трендови во споредба со просечните 4 проценти во регионот на Западен Балкан.

217 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 11:24 -> 08-Oct 12:26
.
.

Министерот Љутков на отворање на изложбата на Рембрант во Виена

  • Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.