1 (28) ■ вести > македонија ■ 19-Oct 14:34 -> 20-Oct 17:06
.
.
.
.

Вработен во градската администрација ја попречуваше работата на инспекциските служби во ЗОО, велат од АХВ

  • ЗОО: По наредба на директорот на АХВ лица со оружје извршија масакар врз птиците

  • ЗОО Скопје: Инспектори на АХВ без налог упаднаа и убија десетици птици

ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно на ден 14.10.2024 год, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно Член 50 на (Закон за ветеринарно здравство бр.113/2007; бр.24/11; 136/11; 123/12;154/15 и 53/16), прекршувајки ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15.10.2024 год, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). – На ден 18.10.2024 год за жал на сите нас е добиен наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска.

Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски.

Зоолошката градина во Скопје попладнево соопшти дека инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици.

5 (11) ■ вести > македонија ■ 20-Oct 14:11 -> 20-Oct 17:51
.
.
.
.

Андоновска: Четири вработени во ЗОО Скопје под здравствен надзор, едно лице имало симптоми

  • Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип

Во изјава за медиумите, откако беше потврден птичји грип кај гуска во Зоолошката градина во Скопје, дректорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска кажа дека епидемиолозите ќе издадат решение за 4 вработени во зоолошката да одат под здравствен надзор.

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица во текот на утрешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

9 (8) ■ вести > македонија ■ 20-Oct 12:53 -> 20-Oct 18:43
.
.
.
.

Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија

  • Газди им забранувале на работниците синдикално да се организираат, ако продолжат ќе им протестираат пред компаниите

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ.

Повеќе од
оваа категорија

73 (6) ■ бизнис > економија ■ 19-Oct 12:18 -> 19-Oct 14:14
.
.
.
.

Битиќи: Извештајот на Светска банка со аларматни и поразителни податоци за економската состојба во земјата

  • ЛУЃЕТО ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Битиќи распали за извештајот на Светска банка

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите.