1 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 07:00 -> 25-Sep 08:48
.
.
.
.

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

  • Таравари: Односите во Владата се коректни, треба почесто да се консултираме и да се синхронизираме

Министерот за здравство и лидер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, кој учествува на 79. Генералното собрание на ОН, изјави дека односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и дека оваа Влада ќе продолжи да функционира.

Министерот за здравство и лидер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, кој учествува на 79. Генералното собрание на ОН, изјави дека односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и дека оваа Влада ќе продолжи да функционира.

3 (4) ■ вести > македонија ■ 25-Sep 07:00 -> 25-Sep 08:43
.
.
.
.

Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел

  • Македонската претседателка и претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

4 (91) ■ вести > свет ■ 23-Sep 08:00 -> 25-Sep 08:45
.
.
.
.

Шефот на ОН: Газа е кошмар што се заканува да го втурне целиот регион во хаос

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

  • Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

Израел денеска го обвини генералниот секретар на ОН дека не презема ништо за да ги спречи нападите на Хезболах на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „постојан кошмар“ што се заканува да го одведе Либан во хаос.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

5 (38) ■ вести > свет ■ 23-Sep 07:37 -> 25-Sep 08:07
.
.
.
.

Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • (ВИДЕО) Зеленски: Oваа есен ќе се одлучи за иднината на војната

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во САД, каде на својот американски колега Џо Бајден и сојузниците ќе им ги претстави деталите од неговиот мировен план, опишан како „план за победа“, чија цел е да се стави крај на руската инвазија на неговата земја.

7 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 14:15 -> 24-Sep 21:16
.
.
.
.

Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

  • Муртезани на состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

На покана на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). – Ова е прво учество на министри од земји-кандидати за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, велат од Министерството за европски прашања.

9 (18) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 22:04 -> 25-Sep 08:32
.
.
.
.

Продолжуваат превирањата околу Предлог-законот за бранителите

  • Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Прдолжуваат превирањата меѓу власта и опозицијата, но и во редовите на владејачката коалиција околу Предлог законот за бранителите поднесен од пратеничката од опозициската СДСМ Славјанка Петровска.

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

10 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:18 -> 24-Sep 11:15
.
.
.
.

Грчките медиуми за вчерашната средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

  • Муцунски: Одлична и конструктивна средба со Герапетритис, заеднички ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

  • Муцунски во Њујорк: Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а војните и конфликтите да останат во минатото

  • Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

Како „важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно подобрување на дипломатските односи меѓу двете земји“, ја карактеризираше министерот за надворешни работи на С. Македонија, Тимчо Муцунски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна.

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

На маргините на 79. Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на самитот на иднината на интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

12 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 11:32 -> 24-Sep 20:48
.
.
.
.

Нека му е со среќа, рече Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители

  • НА ДВАЈЦАТА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА Мицкоски до Ахмети за најавените протести и до Снопче за заканите со излегување од Владата

Нека му е со среќа, вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

119 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.