Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот.
Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до 15 години отплата.