1 (177) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 11:04 -> 27-Sep 19:00
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

  • Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Унгарскиот премиер пристигна во Охрид, во владината делегација околу 10 министри

„Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани.

Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

4 (21) ■ вести > македонија ■ 27-Sep 10:09 -> 27-Sep 15:18
.
.
.
.

На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна

  • Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

  • Околу 140 ученици од ОOУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење, кујната во училиштето е затворена

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна.

Дечиња од прво до трето одделение од основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски” во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна.

Околу 140 ученици од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром денеска не се на настава, а наставниците пријавиле дека сите тие се со стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

5 (126) ■ вести > свет ■ 25-Sep 07:30 -> 27-Sep 18:33
.
.
.
.

Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, рече Нетанјаху во ОН

  • Арапските земји загрижени: Израел го турка регионот во тотална војна

  • Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

  • Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, изјави денеска од говорницата на ОН израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

12 (74) ■ вести > свет ■ 25-Sep 06:30 -> 27-Sep 18:49
.
.
.
.

Трамп, сепак, ќе се сретне со Зеленски во Њујорк

  • Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари

  • Трамп се сретна со Зеленски: Ако победам, ќе го решам конфликтот уште пред инаугурацијата

  • Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека денеска во Њујорк ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот на САД Џо Бајден за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди воена помош за Украина во вредност од повеќе од осум милијарди долари, а со цел Киев да добие потребна помош за победа во војната против Русија.

Американскиот претседателски кандидат – Доналд Трамп се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Њујорк и рече дека доколку победи на претседателските избори, ќе се обиде да најде „добро“ решение за украинскиот конфликт за двете страни дури и пред инаугурацијата на 20 јануари.

Малку е веројатно дека ќе има средба меѓу поранешниот американски претседател и републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на посетата на украинскиот претседател на САД.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

296 (5) ■ бизнис > економија ■ 25-Sep 09:00 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Македонски железници почнаа да возат за Србија Карго, изнајмени четири локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго вчера соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија - Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.