Поранешниот европски шампион и најтрофеен македонски клуб, екипата на Вардар по пауза од две сезони денеска се враќа на европската сцена во второто по ранг натпреварување ЕХФ – Европската лига.
Фудбалскиот клуб Вардар има нов сопственик.
Ракометарите на Вардар беа подобри од исландски Валур со 33-26 во првото коло од Европската лига на ЕХФ, а тренерот Владо Недановски беше задоволен од играта на неговите избраници.
Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф. По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11. Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.