1 (11) ■ вести > македонија ■ 10-Feb 08:26 -> 11-Feb 09:42
.
.
.
.

Министерот Муцунски на средба со спикерот и пратеници од Парламентот на Нов Јужен Велс

  • Муцунски во Австралија: Овде македонскиот јазик го има заслужено местото во образованието

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средби со спикерот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Грег Пајпер, заменик-спикерката Сонија Хорнери и пратеникот Нејтан Хагарти.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој е во посета на Мелбурн, посети едно од најстарите училишта за изучување на македонскиот јазик.

2 (15) ■ вести > свет ■ 09-Feb 10:40 -> 11-Feb 09:22
.
.
.
.

Трамп: Доколку заложниците не бидат ослободени примирјето меѓу Израел и Хамас ќе прекине и „портите на пеколот ќе се отворат“

  • Трамп му се закани на Хамас: Доколку не ги ослободи заложниците до сабота напладне, ќе се соочи со пекол

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се откаже примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе пушти „портите на пеколот да се отворат“.

Претседателот Доналд Трамп во понеделникот го повика Израел да го откаже договорот за прекин на огнот со Хамас и „да го пушти сиот пекол“ доколку Хамас не ги врати заложниците кои сè уште се држат во Газа до сабота напладне, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

9 (7) ■ вести > македонија ■ 09-Feb 15:57 -> 11-Feb 09:04
.
.
.
.

На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените

  • Можни се мерки за ограничување на цените на производите во маркетите – ќе се дискутира на владина седница, најави Мицкоски

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за економија и труд денеска на седница на Владата треба да поднесат извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи од што ќе зависи дали ќе се преземат понатамошни мерки за контрола на цените.

Во вторник на следната владина седница Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) треба да поднесе извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи, најави премиерот Хриситјан Мицкоски и порача дека се можни мерки во однос на контрола на цените.

10 (4) ■ вести > свет ■ 11-Feb 07:54 -> 11-Feb 09:40
.
.
.
.

▷ Извештај на организаторите на Минхенската безбедносна конференција

  • Извештај на организаторите на Минхенската безбедносна конференција: „САД повеќе не се фактор на стабилност, туку ризик поголем од Русија“

„САД повеќе не се фактор на стабилност, туку ризик поголем од Русија“ САД повеќе не се фактор на стабилност, туку претставуваат ризик поради територијалните претензии на претседателот Доналд Трамп кон Гренланд и Панама, како и изјавите дека Канада треба да стане 51-та држава на САД, се вели во извештајот на организаторите на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), што ќе започне на 14 февруари.

САД повеќе не се фактор на стабилност, туку претставуваат ризик поради територијалните претензии на претседателот Доналд Трамп кон Гренланд и Панама, како и изјавите дека Канада треба да стане 51-та држава на САД, се вели во извештајот на организаторите на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), што ќе започне на 14 февруари.

12 (33) ■ вести > балкан > регион ■ 09-Feb 13:01 -> 11-Feb 09:48
.
.
.
.

Над 7700 земјотреси го погодија Санторини, островот е речиси празен

  • Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос

  • Тлото не се смирува - Нови силни земјотреси на Санторини

  • Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

Земјотресите на островот Санторини достигнаа над 7700 од почетокот на серијата на потреси.

По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.

13 (33) ■ вести > македонија > хроника ■ 09-Feb 13:10 -> 11-Feb 08:57
.
.
.
.

Дојавите за бомби во училиштата се испратени од привремени мејлови и затоа е тешко да се влезе во трагата на испраќачот, вели Тошковски

  • Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

  • „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година, најави Тошковски

  • Тошковски: Имаме едни од најстрогите закони за сообраќајни инциденти, но проблем е судската пракса

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека дојавите за бомби кои беа упатени до училишта во државата во петокот, се испратени од привремени мејлови кои се бришат за само еден час по испраќањето на заканувачките пораки.

Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, денеска најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот – лоши закони или лоша примена?“. Тој истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „безбеден град“.

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони.

Во Македонија, при сообраќајна несреќа со смртни последици, имаме предвидена казна затвор од четири до 20 години, во Словенија казната е од една до 12, во Хрватска од три до 15, Германија до десет, а во Србија од пет до 15 години затвор, што значи дека проблемот не е во предвидените казни од аспект на строгост бидејќи тие се едни од најстрогите во Европа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за дилемите што се отворија во јавноста за евентуално заострување на казнената политика по случајот со загинувањето на 22-годишната Фросина Кулакова.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија