Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов, уредникот на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип.
Непознати сторители синоќа го опожариле автомобилот на новинарот и уредник на штипската телевизија М-нет, Благој Серсемов, кој бил паркиран во дворот на неговата семејна куќа, информира утринава Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Оттаму остро го осудија ваквиот чин на вандализам, велејќи дека истиот претставува сериозна закана за безбедноста на новинарите и медиумските работници, како и напад врз слободата на говорот и правото на јавноста да биде информирана.