1 (108) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Sep 09:59 -> 01-Oct 16:34
.
.
.
.

(ВИДЕО) Филипче: На Мицкоски во Брисел му кажале да не смета на уставни измени со одложено дејство

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

  • Филипче: СДСМ е единствената кредибилна и силна опозиција на актуелната власт

  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски на разговорите со челниците на Европскиот совет му било кажано дека не може да смета на тоа уставни измени да се донесат и прифатат со одложено дејство, ниту менување на преговарачката рамка.

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ забрзано се консолидира после последните избори, имаме предизвици, но немаме дилеми за правецот во кој што се движи партијата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.

2 (43) ■ вести > свет > нато ■ 30-Sep 08:06 -> 01-Oct 16:22
.
.
.
.

Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани

  • Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте

  • Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина

  • Од Трамп до Путин: Клучните предизвици со кои ќе се соочи Руте во НАТО

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

Еден од генералните секретари на НАТО со најдолг мандат, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога Алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.

Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја преземе во вторник функцијата нов генерален секретар на НАТО во опасен момент за западната воена алијанса.

3 (19) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Sep 11:56 -> 01-Oct 15:58
.
.
.
.

Тинејџер со возило удрил пешак, па избегал од местото на несреќата

  • Куманово: Малолетник итно пренесен во болница - бил прегазен додека возел велосипед

На 30.09.2024 во 20:38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

Вчера во 16.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул. „315“ и ул.„312“ во Куманово, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од с. Долно Којнаре, кумановско, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Лопате, општина Липково.

8 (82) ■ вести > свет ■ 29-Sep 07:56 -> 01-Oct 16:42
.
.
.
.

ИДФ: Хезболах ги користи цивилите како жив штит

  • Мора да се избегне сеопфатна војна, кажа Бајден за нападите меѓу Хезболах и Израел

  • ИДФ: Заврши широкиот бран напади врз штабовите на Хезболах низ Либан

  • ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук

Израелската армија (ИДФ) издаде предупредување до жителите на јужен Либан поради „тешките борби“ во регионот.

Заменик-шефот на Хезболах рече дека милитантната група со седиште во Либан е подготвена да ја продолжи својата борба против Израел и е подготвена за долга војна.

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека заврши широкиот бран напади врз командните простории на Хезболах низ Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден командант на Хезболах, Набил Каук е убиен во синоќешниот воздушен напад врз Бејрут.

11 (6) ■ вести > македонија ■ 01-Oct 13:15 -> 01-Oct 16:51
.
.
.
.

Сиљановска Давкова ги прими гувернерките на централните банки од регионот

  • Сиљановска-Давкова се обрати на првиот академски час: Инвестицијата во образованието и во знаењето е најдобрата инвестиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерките на централните банки од регионот: Ирена Радовиќ на Црна Гора и Јасмина Селимовиќ на Босна и Херцеговина, кои учествуваа на конференцијата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Северна Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржа денеска во Скопје.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2024-2025 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

37 (33) ■ спорт > фудбал ■ 29-Sep 22:35 -> 01-Oct 10:40
.
.
.
.

Прекин во Мадрид: Навивачите на Атлетико фрлаа предмети кон Куртоа (ВИДЕО)

  • Симеоне: Куртоа да биде казнет поради провокација на нашите навивачи

  • (Фото) Кај навивачот кој го гаѓаше Куртоа со запалка пронајден е нож

  • На дербито во Мадрид од сè по нешто: прекини, црвени, ножеви, запалки и фекалии до реми во 95-та

Натпреварот меѓу Атлетико и на „Ванда Метрополитано“ беше прекинат непосредно по водечкиот гол на „кралевите“ преку Милитао.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повика голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа да биде казнет затоа што ги провоцирал домашните навивачи на синоќешното градско дерби.

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид синоќа одиграа одличен натпревар од 8. коло во Ла Лига.

Атлетико и Реал одиграа долго и тензично дерби кое заврши 1:1 и кое во еден момент беше во прекин, поради разно разни предмети кои летаа кон Тибо Куртоа.

85 (25) ■ спорт > фудбал > мак фудбал ■ 29-Sep 09:44 -> 01-Oct 14:45
.
.
.
.

Шкендија нов лидер во ПМФЛ

  • Феноменален гол на Ахмеди – Гачевски „подзаспан“, Шкендија убедлива (ВИДЕО)

  • ВИДЕО: Непотребно иницирање инцидент од Гачевски – И од клупата на Вардар го смируваа својот голман

По денешните шест натпревари од Првата македонска фудбалска лига нов лидер во поредокот е Шкендија.

Вардар е целосно „потопен“ на гостувањето против Шкендија во Тетово во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Крајно несоодветни моменти во 80. минута од натпреварот меѓу Шкендија и Вардар во Тетово, и тоа во ситуација кога сосема е јасно квалитативната надмоќ на теренот во еден мирен меч во кој домашните водат со убедливи 4-0. Но, непотребна нервоза беше демонстрирана од страна на вардаровиот голман Филип Гачевски, кој најпрво се пожали на некаков удар кон него од страна на трибината каде се навивачите на Шкендија.

Повеќе од
оваа категорија

84 (4) ■ магазин ■ 30-Sep 14:56 -> 01-Oct 16:25
.
.
.
.

Ристо Самарџиев е главен вокал во новата песна на „Меморија“

  • АУДИО| „Меморија“ со песна „малер убива“ и повикува – „За добро да е“

Во пресрет на големиот концерт кој ќе се одржи во Арена Борис Трајковски во Скопје, на 16-ти ноември, рок бендот ,,Меморија” сними нова песна.

Легендарната македонска група Меморија во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња.