Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“.
По преземени активности и мерки, вклучително и употреба на дрон, полицијата во близина на наплатната станица Миладиновци го уапси К. К. (21) од Република Турција, осомничен за вчерашното убиство во Штип, како и А. Х. (22), Т. М. (22), О. М. (29) и А. О. (28), сите од Република Турција, поради основано сомневање дека му помогнале на К. К. да избега од местото на злосторството, известија од Министерството за внатрешни работи.
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.