Соединетите Американски Држави (САД) и Франција повикаа на 21-дневен привремен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, откако генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на состанокот на Советот за безбедност рече дека на повидок е да се случи пекол во Либан.
Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либанскиот Хезболах последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.
САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.
Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.