Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара „безусловно предавање“ Во претходните објави, Трамп изјави дека САД сега имаат целосна контрола врз небото над Иран и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.
Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но оти засега не е планиран напад врз него.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори.