1 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 13:27 -> 24-Sep 13:52
.
.
.
.

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024

  • Изборите под лупа: ДКСК откри бројни нерегуларности

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

3 (6) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 13:27 -> 24-Sep 13:59
.
.
.
.

АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕ Е ЗАГРОЗЕН, ТУКУ УНАПРЕДЕН Македонија не е како други држави кои загрозуваат туѓи идентитети, порача Мицкоски

  • Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела

Немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за изјавата во врска со албанскиот јазик на претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која вчера престојуваше во Македонија.

Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за изјава во однос на албанскиот јазик од претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која вчера престојуваше во земјава.

4 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 12:28 -> 24-Sep 13:10
.
.
.
.

Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

  • Петровска за законот за бранители: Не е шаховска игра, не е ниту провокација, ниту обид за дестабилизација

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, по скратена постапка се пораз за демократијата, демант на сите изјави на истите тие политичари кои велеа дека сме свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односни, но и најголем доказ дека некои политичари не ја сфатиле суштината на интеграцијата во Европската унија и не ја сфатиле својата улога во нашето општество, изјави денес Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ.

6 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:45 -> 24-Sep 13:45
.
.
.
.

Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините

  • Започна изградбата на спортска сала во училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во Хром

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на ставањето камен-темелник на новата спортска сала во оопштина Ѓорче Петов.

Во општина Ѓорче Петров, на вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри, денеска стартуваше со изградба училишната спортска сала во подрачното училиште во Хром „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.

7 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 12:08 -> 24-Sep 13:06
.
.
.
.

НЕКА МУ Е СО СРЕЌА: Одговор од Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе излезат од коалицијата ако се изгласа Законот за бранители

  • „Нека им е со среќа“, им порача Мицкоски на Ахмети и на Снопче по заканите за протести и излегување од владат

По изјавата на Халил Снопче, заменик претседател на „Вреди“ дека ќе излезат од владината коалиција доколку се изгласа Законот за бранители, денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, како планира ова да го реши, кусо одговори „Нека му е со среќа“.

Јас на закани не одговарам баш онака како што другите очекуваат, а кога некој се заканува треба тоа и да го реализира, за да не остава лош впечаток во јавноста рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за изјавата на пратеникот на ВРЕДИ Халил Снопче дека коалицијата ќе ја напушти Владата ако бидат увоени измените на Законот за бранители без предвидено обештетување на борците на ОНА.

9 (12) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 11:37 -> 24-Sep 13:29
.
.
.
.

ССМ: Трговците ги зголемија цените на основните производи пред ограничување на маржите

  • Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ќе се намалат, ако се почитува одлуката на Владата

За задоволување на основните потреби во домаќинството, на едно четиричлено семејство во септември му биле потребни 61 306 денари, што е зголемување за 107 денари споредено со август кога истите трошоци изнесувале 61 199 денари, покажува пресметката на синдикалната кошничка на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Како загрижувачки, ССМ го посочува податокот што трошоците за храна и пијалаци за еден месец се зголемиле за 717 денари, што укажува на тоа дека, како што велат од Синдикатот, трговците во текот на месецот ги искористиле најавите за воведување на ограничени маржи на основните прехранбени производи.

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

10 (10) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 12:00 -> 24-Sep 13:14
.
.
.
.

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

  • Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали наредната година може да се очекуваат раст на платите во државната администрација изјави: „Па ќе има, предвидено е тоа во рамките на Буџетот, имаме една работна верзија којашто ја досредуваме.

Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

11 (95) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 13:30
.
.
.
.

САД: Треба да се спречи ескалација меѓу Израел и Хезболах

  • Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток

  • ИДФ изведе десетици воздушни напади врз јужен Либан

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

Соединетите Американски Држави не поддржуваат ескалација на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок функционер на Стејт департментот.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е загрижен за тензиите на Блискиот Исток и увери дека „ќе направи се што може“ за да избегне проширување на конфликтот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

12 (4) ■ вести > свет > регион ■ 23-Sep 23:32 -> 24-Sep 13:58
.
.
.
.

Курти: Нападот во Бањска е терористички акт на агресија против територијалниот интегритет на Косово

  • Тахири: Се надеваме дека нема да има нови санкции за Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска во Бањска дека минатогодишниот напад на вооружена група локални Срби врз косовската полиција во тоа село е „терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово“, и дека оние кои стојат зад тој напад се „подготвени за поширок и подолг конфликт“.

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во кссовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), Абељард Тахири изјави дека се надева оти санкциите што западните сојузници ги воведоа кон Косово нема да бидат зголемени за време на владеењето на актуелната влада, предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

29 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.