Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.
Советникот за национална безбедност Џејк Саливан одржа прес-конференција во Белата куќа.
Македонската амбасада во тел Авив е во контакт со израелските надлежни институции од каде се чека потврда дека меѓу жртвите и повредените во синоќешниот ирански напад врз Израел нема македонски државјани, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.