Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права што ги стекнал.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на БиХ по обвинението за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, додека вршителот на должноста директор на „Службен весник“ на Република Српска, Милош Лукиќ е ослободен од одговорност.
Ја нагласуваме важноста од целосно почитување на институциите на Босна и Херцеговина и независноста на нејзиното судство и потенцираме дека притисок врз судството и заплашувањето на судиите се неприфатливи, порачаа во заедничка изјава постојаниот известувач за БиХ на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, чешкиот европратеник Онджеј Колаж и претседавачот на Делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово, хрватскиот европратеник Давор Иво Стиер по повод изречените пресуди за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в. д. директор на „Службениот весник на РС“, Милош Лукиќ.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит денеска во Сараево изјави дека Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИК) ги повика сите да се воздржат од интервенции, притисоци, политички закани и да ја почитуваат независноста на судството.